Миа Костова, нашата позната водителка и инфлуенсерка е отворена личност и за својот живот јавнo зборува речиси секаде, а таа е мајка на Андрија кој има дест години.
– Ако се предадеш и речеш не можам, не успевам, нема работа, не постигнувам, веројатно ни коцките не се местат. Кај мене беше така.
Имав многу куса финансиска криза која ја надминав со упорност и со немање апсолутно никаков срам од работа.
-Андрија имаше само 40 дена кога се вратив на неколку дена во диско неделно, почнав да работам во фризерски салон како координатор иако тоа никогаш не сум го правела ама некако се пронајдов, во меѓувреме дипломирав, работев и на телевизија..
И сето ова успевав да го вклопам со мало бебе кое немаше кој да го чува.
Од бебе е во градинка, седел со саати кај мене на работа, седел на снимања со температури, ама никогаш не сум се откажала ниту некогаш помислив да се вратам во семејниот дом.
Решив дека ова е моја приказна и да, коцките се местат и ден денес. Не знам дали е до мојот став и до мојот начин на однесување и зборување јавно ама мене не ми се случило некој ниту да ме осуди ниту да има проблем со тоа.
А немам ни јас. Живеам многу подобар посреќен и помирен живот од жени во семејства кои седат во брак поради ова или она. Сметам дека малку е поинаку денес и дека поинаку се гледа на самохраните мајки за разлика од порано.
Тие сѐ повеќе се хер ои одошто нешто лошо или не мор ално’, кажала Миа за кафе пауза, а за Женски магазин, на оваа тема, таа додала:
– Глу паво е да зборувам за моето дете, ама секој кој што го знае, знае дека е дете како по книга. Многу воспитан, многу кроток, многу одговорен.
Строга сум од ден еден, но тоа не е строгост што фру стрира туку е праведна строгост, или ќе добиеш сѐ што ќе замислиш ако ги завршиш обврските кои ти се дадени.
Дали е чистење соба или лектира неважно. Нема отстапки ни за храна. Љубител е на шеќер и имаме договор. Се јаде некое ‘здраво благо’ откако ќе се направи пауза после ручек од 3 часа.
Не мислам дека сум строга колку што мислам дека сум праведна за негово добро. Кога е Андрија во прашање немам помош од никого од ден еден. Ни финансиска ни физичка.
Сега е веќе голем и сѐ она што ми било проблем и нерешливо сега е многу едноставно. Седи сам дома кога е потребно, самостоен е и многу ми помага. Многу се сакаат со Тијана и ме одменија и со станување за во училиште иако патам од несоници, некако многу мразам да излезам од дома во 7 сабајле.
-Со мајка ми бев врзана со папочна врвца додека не го родив Андрија.И денес телефонските разговори се нездрави и траат по 3 часа ама не сум ѝ лепенка „ваљда“ дека и самата сум мајка па имам некој друг што ми е најважен на светот.
Од мајка ми учам секој ден и како треба и како не треба“, изјавила Миа за синот и за својата мајка која супер изгледа и е многу убава жена.
– Мојата искреност и директност најчесто од љубов кон некого, зошто директна со небитни не сум, ме носат во конфликти и губење луѓе, но не за долго… Се радувам што моите луѓе се околу мене, речиси 20 години имам исти пријатели.
Не се каам за ништо, апсолутно за ништо, сѐ сум научила сама преку свои чекори и грешки. Би ја сменила само мојата премислечка глава која ме носи во анксиозност и несоници. Ама па не може сѐ, нели? “, додала таа.
Миа не се чувствувала добро, па повикала итна медеицинска помош, а потоа објавила стори како е прима ин фузија, и потоа ја препорачала приватната здравствена установа која ѝ пружила помош.
Потоа, Миа во друго стори објаснила за што точно станува збор, а тоа е вир оза и нејзинит имунитет кој е послаб во овој период. Им се заблагодарила на сите на грижата и напишала: Прекрасни сте.