Маестрото на виолина, Зоран Џорлев, го напушти овој свет пред точно две години, на први јануари во 2021 година.
Целото семејство на Џорлев се музичари, неговиот татко, сестрата на Зоран, Софче, внукот Огнен Здравковски, неговата сестра…
Да потсетиме, таткото на Зоран, Наско Џорлев ја има напишано убавата македонска љубовна народна песна „Не кажувај либе добра ноќ“, а Зоран и семејетсвото често ја пееја.
Синот Наско, на Фејсбук објави снимка од својот татко и од својот брат Мартин, и се присети на заеднички настап во нивниот дом во една прилика.
-Пред една година започнавме нешто прекрасно. Кратко траеше, но како да траело цел живот. Иако ништо веќе не може да биде исто, музиката живее преку нас, и сите што го слушате“, напшиша Наско кој во тоа време настапувал со брат му и со татко му со инструментална музика.
Познатиот музичар и професор по виолина Зоран Џорлев ја изгуби животната битка. Џорлев се упокои откако му се откачил тромб, а беше заболен и од кор она вирусот.
Тој последните денови од животот ги помина на Инфективната клиника во Скопје. Неговите најблиски се надевале на подобро, но Џорлев за жал не успеал да се опорави.
Веста за неговото замимување прв ја објави неговиот внук, од сестрата на Џорлев, пејачот Огнен Здравковски. Огнен летото во 2020 година се избори со вирусот, како и неговата мајка, Софче Џорлева.
Синот на Џоран Џорлев, Наско емотивно се присети на една приказна која го има собрано целото семејстви Џорлеви на едно место. Станува збор за славеничкиот концерт на Зоран Џорлев со пријателите кој бил негов 40 годишен јубилеј.
– Зоран Џорлев, ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ, 40 години дружење со виолината, Македонска Опера и Балет-Скопје 13.декември 2017, стои во описот на ова видео. А целото семејстви Џорлеви свирело на овој концерт.
– Дамир Имери Бенд, Симфониски оркестар ,Диригент Ле Фи Фи Гости: Ѓоко Алоски – труба, Ќазим Асотиќ – фагот, Петар Јованов – вокал и пијано Сиднеј Австралија Ненад Путник – гитара и вокал Нова Горица Словенија, Калиопи.
Софче Здравковска Џорлева – вокал, Огнен Здравковски – вокал, Олгица Здравковска – виолина, Наско Џорлев – гитара, Мартин Џорлев – хармоника“, стпи во описот на ова видео.
-Има една песна која татко ми ја напиша, пстави неизбришлива трага во историјата на македонската народна музика, „Не кажувај либе добра ноќ“. Не би било се, ако нишката на семејството не ја пополниме професионално тука.
Сакам да го викнам мојот брат тука, да ни се придружи на бубњевите. Долги години бевме заедно во семејсниот оркестар Џорлеви. Како што е редот, Ристо Џорлев, мојот брат. Оги и Софче“, рекол Џорлев и на сцената се појавиле неговата сестра Софче Џорлева, и внукот Огнен Здравковски.
А инаку, Џорлев ова го раскажал за својата сестра на овој концерт, додека таа пеела заедно со него на сцената: Кога бевме деца, татко ми имаше еден магнетофон, и постојано таа не снимаше.
Таа секогаш велеше: Јас требаше да сум машкото, а не вие двајцата. Вечерва ѝ го давам микрофонот, да деде една друга најава“, рекол Џорлев, а потоа, неговата сестра Софче се обратила пред публиката со овие зборови.
-Јас имам малку трема, јас сум на оваа сцена 31 година, но ова е сосема поразлично, заради брат ми имам трема, не заради мене. Многу сакав и моите родители да бидат живи, татко ми да дочека.
Бидејќи Зоки навистина направи кариера. Ете јас се дадов на… кариера не направив, бидејќи станав мајка домаќинка, бидејќи две нешта не одат секогаш, ама се гордеам со мојот брат.
И ќе го бранам, цел живот ќе го бранам“, изјавила Софче Џорлева на овој концерт за својот брат со кој биле многу поврзани.На крајот, сите ја испеале песната „Во Струмица на улица“.
А, таа песна исто така ја има компонирано таткото на Џорлев, и кога ја пеат, во еден момент, неговиот помлад син Мартин како и брат му се борат да не пуштат солза.
Нека му вечна славата на маестро Џорлев, а видеото од овој концерт можете да го погледнете ТУКА.