Ова се сите 69-те носители на МКарта, истакнати македонски државјани во дијаспората!

0

Засега за јавноста е достапна само информацијата дека покрај оваа привилегија, истакнатите луѓе од дијапората ќе можат беплатно да влегуваат и во културните установи во државата. МКартите ги добиле согласно Законот за надворешни работи, а постои и интерен правилник.

Проектот беше претставен во мај 2021 година, како признание и потврда за истакнати личности или поединци од земјата кои живеат во странство, а кои со својата работа и професионалност покажале истакнат успех, а со тоа и промоција на Македонија во странство.

Забрзаниот премин на нашите аеродроми, што се реализира во соработка со Министерството за внатрешни работи, претставува симболично препознавање на нивниот труд и квалитет, и благодарност на нашите институции и држава, напиша Османи, кога го претстави проектот.

Како министер многу ми е важна дијаспората. Прво направивме базни станици за сликање за пасоши, во амбасади итн. Не чекаат за пасоши со месеци. Втор проект ми беше важен, како нашите најдобри, најважни во дијаспората, добри исклучителни луѓе, кои можат да бидат во функција на нашиот развој.

Мене ми е многу важно да биде вклучен во нашите работни групи, , сакам да направам мрежа на тие луѓе. Да се состануваме еднаш годишно на состаноци, на семинари, ќе ги вклучиме во нашите работни групи. Нашите амбасади ги идентификуваат и ги вклучуваат. Таа М карта ќе биде доказ дека се вклучени. Симболични мерки повеќе како почит кон нив, отколку дека нив многу им значи – вели Османи.

Одлуката кој ќе добие ваква карта ќе ја носи министерот Османи, на предлог на шеф од дипломатско конзуларното претставништо во таа земја од каде доаѓа иселеникот или друг државен орган.

Претходно од МНР објавија дека Проектот М КАРТА ќе биде мрежа на наши квалитетни поединци во дијаспората, кои со својата стручност и нагласен ангажман се истакнуваат во странство, што ги чини вистински амбасадори кои на најдобар можен начин ја претставуваат Македонија.

69-те истакнати Македонци од дијаспората на кои од почетокот на 2023 им е обезбеден забрзан влез во земјава ќе имаат и бесплатен влез во културни институции. Според надлежните овој проект бил симболично признание за нивниот труд и квалитет и благодарност на институциите и државата.

Познавачите веќе реагираа дека Османи треба да ја преиспита одлуката за ваквиот проект бидејќи М-картата не е привилегија туку понижување на се она што го направиле досега. Според нив, иселениците од дијаспората кои што придонеле за Македонија би требало да се наградат со орден, плакета или друг тип на признание, а не со привилегиран влез во државата.

Одлуката да се додели МКарта за заслужните од дијаспората се заснова на Законот за надворешни работи (доделување признанија и благодарници), за што постои и интерен правилник. Одлуката ја донесува министерот, на предлог на шеф на дипломатско-конзуларно претставништво на Северна Македонија во странство или друг државен орган, а во процесот е вклучен и Секторот за дијаспора при МНР.

Доделувањето вакви признанија од Министерството е во согласност и со Акцискиот план на Националната стратегија за соработка со дијаспората 2019-2023. Досега се избрани 69 луѓе, но „детектирањето“ истакнати лица од дијаспората продолжува, а бројот на тие што ќе добијат Мкарта не е ограничен.

Досега, во соработка со Министерството за култура и Министерството за внатрешни работи се договорени две поволности – забрзан влез во државата и бесплатен влез во културни установи (музеи, театри и сл.).

Претходна статијаВистинска ДРАМА на настапот на Миле Китиќ: На пејачот му пукна филмот и вознемирен го удpи гостинот ВИДЕО
Следна статијаСе огласи спортистот Тоше Зафиров: Еве што значи да си Македонец и како се сака Македонија (ФОТО)