Што прави сега Орце од групата Арија – има жена „авион“ и не живее во Македонија

0

Македонската група Арија едно време беше доста актуелна во домашната јавност, ама и главни за свадби, крштевки и секаков вид на џумбуши каде што се бара добра забава и позитивна атмосфера..

Сите се сеќаваме на големите хитови “Минута или две” и “Само Господ е сведок” кои пред неколку години немаше кој, а барем еднаш во себе да не ги запее. Да, станува збор за познатата македонска група “Арија”.

Својата кариера, групата ја започна како дел од едно од шоуата на Драган Вучиќ. Арија настапуваа и на фестивалите, и на многу веселби.

Орце Димитровски беше еден од нивните членови, но тој пред неколку години се пресели во Холандија, каде што се занимава со сосема друга работа.

Имено тој е ИТ инженер. Во интервју за магазинот Везлика, Орце и неговата сопруга Билјана која е вистинска убавица и е магистер по економски науки рекоа дека ја избрале Холандија како земја во која можат брзо да напредуваат.

Тие изјавија дека животот таму ги потсетува на поранешна Југославија, на убавото време кога луѓето оделе на излети, и повеќе се дружеле во природа.

Уште од почетокот на нивниот брак тие биле поборници за заминување надвор од Македонија.

Орце изјави дека Холандија е земја во која има неограничени можности за луѓето од ИТ секторот, и за квалитетните кадри, успехот е загарантиран со сигурност. Рече дека му неодостасува музиката.

Но, тој додаде дека не му недостасува начинот на животот како музичар, затоа што му било тешко да го одреди балансот помеѓу приватниот и музичкиот живот, и му било напoрно да го издржи темпото на настапи ноќе, и редовна работа преку ден во ИТ секторот.

Билјана пак во Холандија има работено и во модната индустрија и во травел индустријата- туризмот.

Семејството често доаѓа во Македонија, а минатата година објавија за непријатна случка што им се случила кога доаѓале накај Скопје.

Драги пријатели, за да избегнеме ова да се случи со некој друг, би сакале да го споделиме нашето искуство со Austrian Airlines од летот Амстердам – ​​Виена – Скопје.

Денот започна одлично, бевме 3 часа пред летот на аеродромот Шипхол во Амстердам и навреме се качивме на нашиот лет за Виена.

Но, одеднаш беше објавено дека ќе заминеме доцна бидејќи имаше важни луѓе, 14 од нив што требаше да бидат на летот.

Доцнењето беше 1 часот и 15 минути поради она што го пропуштивме нашиот лет за поврзување со Скопје, без оглед на уверувањето што сите патници ќе го стасаат навреме на нивните летови за поврзување“, стои во објавата што ја пренесе Галама.

Подоцна Димитровски објавиле нови фотографии од крштевката на нивната помала ќерка Каја, а постарата според она што го пишува на Фејсбук се вика Бјанка.

Семејството се реши за крштевка во Скопје, а на сликите сите изгледаат одлично, а осовбено сопругата на Орце, Билјана која е народски речено „авион“.

Претходна статијаКоја е струмичанката Ангела за која Македонците стискаат палци на „Sвездите на Гранд“
Следна статијаКој е дечкото кој ја бакнува Лила во глава? (ФОТО)