Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи и за европски систем,, по повлекувањето на поранешниот премиер Зоран Заев, ја загуби позицијата министер во владата.
Новиот премиер, Димитар Ковачевски не го задржа во кабинетот, а од тој момент па наваму, Димитров гостува на разни европски форуми и конференции, но и укажува на грешките кои ги прави актуелната владеачка гарнитура.
Никола Димитров минатата година наполни 50 години. Тој на својот профил на социјалните мрежи, доби многу коментари со честитки, а на сите им се заблагодари на следниот начин:
„Фала ви добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Пресметував, па одново, бидејќи не ми се веруваше, ама календарот безмилосно вели дека наполнив 50 години. Отидов во класици.
Ви враќам со тродупли убавини, бидете живи и здрави, ширете љубов, имајте верба во себеси и надеж во колективното наше.
Па да запнеме и да свртиме страна, да тргнеме конечно напред, за нашите деца кога ќе бидат на овие години да бидат горди на своите родители.“
Никола Димитров вчера, го привлече вниманието на своите пријатели на социјалните мрежи, со објавата, своевидна поучна приказна, за која Димитров напиша дека е вистинита и дека му се случила на негов другар:
„И доброто е заразно. Другар ми излегува од зграда и си го гледа моторот со скршен фар. Фрла поглед кон деца кои играат фудбал во близина. Ги прашува дали можеби направиле беља.
Едно од нив дотрчува:
– Извинете чичко, ама јас сум крив.
– Аман бе деца, па го паркирав на страна, баш дека знам дека ѕидот ви е голот.
– Ама многу силно шутнав. Сега ќе го викнам татко ми, за да плати. По кратко думање, другар ми вели:
– Не, да си здрав и жив, да си играш сега пак фудбал и на татко ти ништо да не му кажуваш. – Ама како?
– Да, тоа што самиот си дојде и си кажа е голема работа. Голем да растеш и секогаш да бидеш таков!
По неколку дена човекот оди на мајстор за да го поправи моторот и на прашање на мајсторот му ја раскажува случката.
За колку да дојдам? Дојди утре, ќе биде готов моторот. Колку ќе ме чини? Дојди утре.
Доаѓа другар ми и мајсторот не сака да чуе да земе пари.
Вели, ова е од мене, поради тоа детето. И доблеста е заразна!
ПС. Приказната е вистинита. Мене ме допре, можеби затоа што сме толку одвикнати од убави приказни. Имајте убава вечер!“
Никола Димитров, вчера покажа дека го бидува и во кујна.
Насмеан, седнат со алатот за сечење во раце, објасни каква е неговата стратегија за подготовка на салата, најверојатно популарната „Руска“: