Адријана Алачки е всушност по професија забен техничар, но таа малку има работено во својата струка. Повеќе ја знаеме како пејачка на народни песни, а во последно време како одлична готвачка, откако почна да ја води емисијата “Вкусот на традицијата“.
Адријана Алачки растела со македонскиот фолклор како член на КУД “Кочо Рацин” Својата пејачка кариера ја започнала во 1987 година и пред пошироката јавност се преставувила со една прекрасна народна песна. Во 1988 година со Ирена прават дует кој во 90-те години остава траг на македонската фолк сцена.
Следуваат настапи и турнеи во Европа, Канада и Австралија. Дуетот престанува да постои во 1994 година, но Адријана продолжува со музичката кариера. Често е присутна на фестивалите, има добиено голем број награди, а голем број хитови сведочат за успешноста. Како автор на музиката на нејзините песни најчесто се јавува нејзиниот поранешен сопруг – хармоникашот Горан Алачки.
Инаку, покрај соло кариерата, Адријана Алачки понекогаш настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Адријана се и Благица Павловска, Росана Сариќ- Тодоровска и Бади Бекир. Во нејзината професионална кариера можат да се најдат четири касети, две самостојни цедеа, голем број фестивали, турнеи, петнаесетина години на естрадата и последниот албум наречен „Меланхолија“.
Алачки доста има патувано низ светот, а таа го напиша и Македонскиот традиционален готвач за кој раскажа дека инспирацијата ја црпела од еден Јапонец. Во една прилика таа има раскажано дека човекот од Јапонија го запознала во Токио на семинар за македонска кујна на која таа била присутна, а на такви семикнари низ светот била на повече места.
Кога човекот ѝ побарал книга со рецепти, таа се замислила и сфатила дека такво нешто всушност нема и решила да биде токму таа која ќе ја создаде книгата со македонски народни рецепти, кои ги има собирано низ цела Македонија од малите места и од селата каде што патувала. Во една прилика исто така има раскажано дека одејќи по народот таа многу научила за нивниот живот.
Адријана рече дека и било интересно шетала низ места каде што нема ни телевизија ни телефон, кога повозрасните жени и ги давале рецептите и и кажувале со народни мерки- една шака брашно, една шака шеќер….
Инаку во емисијата Вкусот на традицијата која стана нејзин заштитен знак, таа има зготвено повеќе од 1200 рецепти и тоа сите се традиционални, оние кои сме јаделе од нашите баби, тетки, роднини и се домашно сукани, месени…
Адријана е добра пријателка со Ирена Спировска, а сега се и колешки во Алфа, откако заедно ја водат емисијата Везилка која е посветена на македонската традиција и култура, а одат и патуваат по нашите градови и општини и таму се готват најубавите домашни специјалитети и се пеат народните најубави наши песни.
Ирена исто така била водителка на настаните за готвење кои ги организирала Андриаја,а па на Фејсбук се појави едно постара слика од двете водителки, а под неа Адријана и упати најубави збовори на своја пријателка и јавна благодарност што е со ена толку многу години.
-Гастромак 2016!!! Ти благодарам Ирена за тоа што си секоја година со нас, со Гастромак и пријателите ширум светот!“, напиша Адријана на сликата на која и двете се во досега невидено, ептен елегантно и издание. Комплименти „фрчеа“ на сите страни од нивни пријатели и овожаватели а Ирена на ова возврати:
-Ти благодарам на сите за убавите коментари, а на тебе драга Адријана Алачки ти благодарам за можноста да бидам дел од убавата и успешна приказна на ГАСТРОМАК, настан кој секоја година ги собира најзначајните готвачки имиња од целиот свет во МК! Чест и задоволство е човек да соработува со тебе : Ентузијаст, неуморен креативец и вистински професионалец си секогаш за се!“