Турунџиева објави слика со Атиџе и порача: Оздравувај побрзо, немаме време за губење

0

Пред да стане главна протагонистка во документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова никогаш не патувала со авион, никогаш не престојувала во хотел, никогаш не била во кино.




Три години потоа, преку неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството, домашната и светска јавност добија можност да се запознаат со фасцинантниот портрет на оваа извонредна жена“, објави Дојче Веле.




За потсетување, Медена земја (англиски: Honeyland) — македонски документарен филм во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Филмот го прикажува животот на Хатиџе Муратова, последната пчеларка во Македонија, која живее во селото Бекирлија, и промените кои нејзиниот живот ќе ги претрпи по пристигнувањето на една номадска фамилија во соседната куќа.

Оригиналниот план на режисерите бил да снимат краток документарец поддржан од владата на Северна Македонија чија главна цел ќе биде да го сними регионот околу реката Брегалница во централна Македонија.




Кога продукцискиот тим стигнал на местото на снимање, тие дознале за Хатиџе и нејзиниот живот и филмот го сменил текот. Документарецот бил премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“ на 28 јануари 2019 година.




Снимањето на Медена земја траело три години при што бил снимен материјал во траење од 400 часа. Филмот обработува неколку еколошки теми, како што се: климатските промени, загуба на биоразновидност и експлоатација на природните ресурси.




Две идеологии се спротивставени преку главните ликови во филмот, имено балансот на луѓето со екосистемот кои се прикажани преку Хатиџе и потрошуваштвото и потрошувачката на ресури прикажани преку нејзините новодојдени соседи.

За време на снимањето, режисерите најмногу внимание посветиле на визуелното претставување на настание и не користеле никаква аудио трака. Документарецот, исто така, ги прикажува односите на Хатиџе со нејзината мајка, која е бо лна, и со нејзините соседи.




Филмот Медена земја добил универзално признание од современите филмски критичари кои доделиле пофалби до вниманието кое режисерите им го дале на деталите и до пораката за зачувување на природата која ја пренесуваат кај гледачите.




Документарецот освоил многу награди на европските и американските филмски фестивали и бил единствениот филм на фестивалот „Санденс“ во 2019 кој освоил три награди.




Исто така, филмот бил номиниран на 92-та церемонија на Оскарите во категориите за најдобар интернационален филм и за најдобар документарен филм.

Со ова постигнување, тој е единствениот документарен филм во историјата кој добил две номинации во уште една категорија, освен таа за документарни филмови.




Исто така, тој е вториот македонски филм, по Пред дождот на Милчо Манчевски од 1994 година, кој бил номиниран за наградата „Оскар“.

Познато е дека Сузана се дружи со Атиџе последниве месеци, и одат на заедники шопинг, вечера, а таа заедно со донации од наши иселеници помогна да се изгради нов дом за Сузана во Дорфулија. Турунџиева на Фејсбук објави:




-Благодарение на неа, светот слушна за Македонија… Не однесе во Холивуд и не претстави како никој досега… И покрај тоа што Македонија со ништо не ја испочитува и не и возврати за нејзиниот успех, таа не се откажа од неа… Се уште многу ја сака и и верува на оваа земја…




А се што сакам јас е да бевме подобри во срцата, да не боледу вавме од колективна амнезија, да знаевме да вреднуваме и да се радуваме наместо да игнорираме и мајтапиме, и да не чекаме постхумно да наградиме некого.

Тогаш е доцна за се… Оздрави Македонијо моја,.. оздравувај побрзо, немаме време за губење“, порача Сузана.

Претходна статијаВаско Тодоров раскажа дека К-15 се враќаат на ТВ, откри под кои услови
Следна статијаКарлеуша искрено раскажа сè за нејзината релација со Тоше (ФОТО)