Вера Мештеровиќ рано по сабајле им порача на душебрижниците кои ја критикуваат дека не ја бива за водителка : Секој може да почне сега

0

Во едно интервју за Фешнел.мк Вера Мештеровиќ која е поранепна Мис на Македонија зборуваше за тоа како започнала нејзината кариера, но и кои совети ги памети како за животна школа.




– Секогаш да бидам природна и да бидам она што сум. Употребувањето на многу шминка не ми го препорачуваа ниту во Македонија, ниту во странство, посочувајќи ми дека ништо повеќе не треба да се разубавува од она постоечкото.

Мислам дека и денес важат истите правила… Моделот секогаш да е среден, негуван, точен и професионален во однос на ангажманот и обврските.




Најубавите сеќавања поврзани со тоа време во врска со манекенството, е тоа што сите имавме третман како супер модели, гледаа на нас со почит, а токму тогаш беше и златното време на светските супер модели… Денес, некако немам чувство дека на манекенките им се возвраќа со таков однос“, рече таа.




-Изборот за Мис во Индија најмногу ќе го паметам по тоа што ми даде друга визија и насока за убавината, односно дека не треба да се потпирам само на надворешната убавина и изгледот, туку да работам на себеси и да развивам други способности, убавина со цел.

– На секоја жена ѝ годи кога добива комплименти, не сум ни јас исклучок. Чест и задоволство е, но и голема одговорност, многу погледи вперени, очекувања, многу девојки, жени кои гледаат пример во мене, а и како мајка и децата исто така гледаат, не е воопшто лесно, но е животен предизвик.




Па се трудам да бидам добар пример, подобра верзија од себеси преку моите јавни ангажмани, настани, настапи освен на убавината да ставам акцент и на интелектот во смисол да не се запоставува тој дел.




Потребно е постојано да се доизградуваме, со хуманост, со разни активности кза да бидеме комплетни како личности и однадвор и одвнатре“, рече Вера во Женски магазин.




Вера Мештеровиќ, како што е познато летово не одмараше многу, туку и беше доста посветена на својата нова работа, а тоа е водителка Утринската програма на Канал 5. Вера често на Фејсбук знае да објави слики од своето ново работно место.




Многумина ѝ честитаа на убавата Вера за новиот ангажман, но имаше и неубави коментари на социјалните мрежи сека не знае убаво да вводи емисија, дека не и е правилна дикцијата. Сепак, имаше повеќе такви кои ја пофаија и ѝ посакаа успеси.




Вера рано, рано утрово на Фејсбук повторно објави слики од студиото на Канал 5, каде што е дотерана тип топ како и секој ден, но до сликите таа напиша една интересна и инспиративна порака, а со неа како да сака на душебрижниците да им порача:




„Никој не може да се врати назад и да создаде нов почеток. Но секој може да почне сега и да создаде сосема нов крај.“ Ве поканувам на ново утринско дружење со новото издание на Здраво Македонијо на Канал 5 телевизија.




Да го започнеме денот заедно со убава позитивна енергија,со насмевка,а ние ќе се потрудиме да го задржиме вашето внимание со најнови информации,совети,теми на денот,рецепт на денот,вести…Со се она кое е секојдневие за секој од нас.




БИДЕТЕ СО НАС! ГЛЕДАЈТЕ НЕ! ПОЧНУВАМЕ ВО 06:50часот до 10часот. #канал5телевизија #ЗДРАВОМАКЕДОНИЈО #утринскапрограма #совети #рецептнаденот #рецепти #информации #теминаденот #гости #дневнавременскапрогноза #дневенпечат #твшоу #твхост“, напиша Вера.

Претходна статијаЕлена Ристеска: Убавец мој, се’ е менливо во мојот живот само ти си константа
Следна статијаЌерката на Мелита Ракичевиќ, Барбара: Мајка ми ми ги откри сите ТВ тајни