Новинарот Огнен го тераат малери цело лето: До некни се капев со една рака, деновиве ќе се капам со една нога

0

На Новинарот Огнен Јанески на неубаво му трггна ова лето, отакако кон средината на август прво се повреди паѓајќи кога излегувал од студиото на ТВ24. Огнен вака ја опиша случката:




-Исклучителна благодарност сакам да изразам до д-р Ведат Бектеши, сестра Суеља и дежурниот тим на Универзитетската клиника по хируршки болести ,,Св. Наум Охридски” – Скопје што попладнево со брза реакција ми санираа повреда која заврши со четири конци на левата шака, откако паднав на работа, излегувајќи од студио.




Благодарност многу и за сите пациенти кои чекаа ред, а ме пропуштија пред нив, особено зашто крва-вењето не запираше.

Љубов до моите најдраги Искра (струшкиот Шумахер), Лидија, Тони, Весна, Никола и Влатко, а и дежурните колеги на работа за грижата.




А да и Тина со која монтиравме по телефон додека бев на болница, за да може утре во вестите во 20 часот да го гледате најновото интервју од рубриката ,,Разговори за Конески”, со проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, на Телевизија 24.
Викендот може да почне. З’арно – з’уб’о!




Потоа, тој објави уште еден статус поврзан со неговото здравје на почетокот од овој месец:

#ОнаКога другарка ти ќе те фотографира додека се консултираш со офталмологот за водење низ процесот да не се грижиш што изгледаш како зом-би, поради испукани капилари во окото, како резултат на притисок од стомачен вирус, при повр -аќање.




Две и пол години се дружиме со Sistina Oftalmologija и поради пандемијата, а особено, пак кога се зголемува бројот на патувањата, советувањето и услуг

ите често се онлајн или по телефон, или т.н. процес на телемедицина.

Се радувам што #СистинаОфталмологија го воведоа овој чекор како #ОнлајнДоктор, односно услугата #ОнлајнКонсултација, па во случајов наместо да трчам од Охрид и Преспа во Скопје, си се разбравме онлајн со видео-повик.




Дигитализацијата носи поволности и особено ваквите виртуелни средби се од голема корист за тоа, како во мојот случај, да не паѓаш во депр-есија што окото ти е ,,крв-аво” и луѓе те гледаат в стапала, наместо в очи. Хаха.

Пред да одам на одмор, на емисија носев очила. Не грижете се, немам диоптрија, ама тие денови изгледав најужасно во левото око, па морав да ви сокријам, за да не смените канал“, рече Огнен. Тој објави уште еден статус, за уште еден неубав настан поврзан со здравјето што му се случил на одмор.




-Еве, не знам како да ви кажам, знам дека сум досаден, вака не бива, кој ме урочил, нека повлече, ама при следна повреда, ќе одам на бај-ачка!

Се шегувам. Пак ќе си одам на доктори, како кај д-р сци. Билјана Тодоровска Шапова (пластична и реконструктивна хирургија) која што ми соши повреда на десното стапало, на Универзитетската клиника по хируршки болести ,,Св. Наум Охридски” – Скопје.




Бидејќи веќе ни сам не можам да се трпам со тоа дека одморот вака ми минува, заборавив да ја прашам колку конци ми стави – дали два или три, важно видов дека е извезено, како ништо да немам! Докторке, златна рака – секоја чест! И сестра Сузе што ме трпеше да ѝ раскажувам приказни за време на опер-ацијата. Попатно, докторката Biljana ми направи и контрола на ракава што ја посеков, супер заздравува. Да не ме мислите.




До некни се капев со една рака, деновиве ќе се капам со една нога. А бе за грев! За грев! Да не ми се смеете, ако ме видите со бастунче да шетам.
Градска болница, сполај ви, како сум тргнат, една од кабините по мене да ја именувате. Па на шалтер кога ќе прашаат пациенти каде да одат, ќе им кажете: ,,Во кабина кај Огнен!”.




Туку, шега на страна, следно ако може со доктор/ка кафе да пијам, а не да ме шијат. За животов – доста ми се конци, оти престанав да ги бројам“, рече Огнен а потоа ја сподели песната од Блага Петреска, „Љуби ме“ и напиша дека кога ќе извади конците од ногата, ќе скока како Болага Петреска на прилепски дијалект:

-Ко’ че г’изва’м конците од ногава, вака к’о Blaga Petreska че скокам и че си подигрувам на песнава ш’о си ја слушав по операц-ијата, на Спотифај. Ваков дух цел живот д’имам сакам, к’о не’зе.“

Претходна статијаПред малку се огласи Германската амбасадорка по повод реакциите за термините за визи
Следна статијаПо долго време Шенка Колозова се појави во јавноста, изгледа одлично, ѝ годел животот на село (ФОТО)