Актерот Атанас стана татко на девојче со интересно име, а аве како објави другар му Тино (ФОТО)

0

Атанас Атанасовски е еден од нашите најпознати актери кој е вработен во театар Комедија, а познато е дека тој е добар другар со колегата Тино Костадиновски, и познати се како двоецот Атанас и Тино.




-Тоа дека како помал сум бил малку приг-лупо дете и ми направиле какво име такво и презиме за да не се бунам во градинка кога ќе ме прашал некој како се викам. Атанас..совски така ми било полесно и затоа сум Атанас Атанасовски.

Ама добро звучи нели? А обратно кога ќе го ставиш уште подобро: Атанасовски Атанас. Некако така мене ми е интересно. Се шегувам, Атанас е 25 годишно момче од Скопје, кој се бави со глума и е актер, не сум актер, глумец сум, работам во Театар Комедија и тоа е.




Висок сум метро осумдесет и седум – просечна висина, добра за кошаркар, за плеј мејкер. Завршив Академија за драмски уметности – дипломиран актер, средно хемиско – гимназиски смер.




Прво искуство на сцена ми е во детско – драмско студио кај Магдалена Ризова – Черних, мислам дека беше за претставата „Буре Барут“. Во Пионерски дом Карпош, изнајмувавме сцена и тогаш во салон 19 19 ми беше првото искуство.




-Кога го добивам текстот, сакам прво да истражам се околу текстот, да видам кој се го има играно тој лик, ако има интервјуа со тие актери да прочитам и доколку не сум задоволен со информациите и дојдам до „кризен“ момент секогаш се прашувам: Што би направил Џим Кери во оваа ситуација?




И обично ми се решаваат дилемите за и околу улогата која ми е доделена“, изјави атанас во интервју за Фешнел и додаде за тоа која е неговата девиза за среќа:

-Не знам што ми е девиза среќа. Другарите, тие најмногу ме прават среќен. Кога сум во депресија и кога нештата не одат според планот, кога сум тапа, кога немам креативност, секогаш се собираме некаде и ме релаксираат, затоа што не ми зборуваат за театар.




Разговараме на други теми и некако ме дистанцираат од ова што го работам и полесно ми е така, бидејќи после подобро го согледувам проблемот и наоѓам решение за истиот.“

Атанас и Тино се автори на емисијата „Најискрено“ која се емитуваше на Јутјуб и им гостуваа доста познати личности, а меѓу нив и нивни колеги актери.




Тие исто така во Охрид летово имаа настап на брод кој го нарекоа „Наводно со Тино и Атанас“, а актерот вака во најави на Инстаграм:

-Летен комеди маратон на бродот Армада. Хумор на сред езеро. Август е месецот. Охрид е градот со езерото. 03.08.21 Наводно ќе настапуваме. Поздрав.“




Атанас, веќе една година ипол ужива и во улогата на татко, откако се роди синот Павле. Тој е во брак со Александра, со која претходно беа подолго време во љубовна врска. Иако ретко зборува за приватниот живот, сепак сподели по нешто интересно во интервјуто во “Репортер“.




-Секој ден учам нешто ново. Еве денес научив дека фразата ,,тата тата” може да значи многу работи како: сакам вода, дај ми ја играчката, земи ме во раце, сакам да спијам, смени ми пелена. Разликата е во поттекстот.

Како работник во фабрика со саатница и смени, такво ни е уредувањето. Денес ако си прва смена, утре си трета. Некогаш има и паузи измеѓу по неколку часа.




Со Александра бевме во врска неколку години и еден ден измеѓу две мои проби пред да почнам со претстава, отидовме до матично, се потпишавме и си продолживме со секојдневието.

Вчера Атанас стана татко по втпр пат и тоа на ќерка која се вика Ена, а познати личности, негови пријатели се пофалија на Инстаграм. Меѓу нив се Тамара Тодевска, Катарина Ивановска, но и Тино Костадиновски.

Тино на Инста напиша: Имаме сестра брате, добредојде Една“, напиша Тино до слика кед што е сликан со синот на Атанас, Павле.

Претходна статијаСликите од Перо Камиказа во теретана имаат посебна приказна, поврзани се со Боки 13 (ФОТО)
Следна статијаПред малку се огласи Германската амбасадорка по повод реакциите за термините за визи