Има 66 години и ужива како на меден месец, овој пејач не старее

0

Во една прилика, која беше во Македонија, познатиот пејач Жељко Самарџиќ зборуваше за својата кариера, имиџ и приватен живот во Публицитет.мк




– Еден подолг период се тргнав од медиумите, зашто, искрено, малку ми здодеа. Повеќе се посветив на работата во студио: пеев, снимав, го подготвував албумот…, но не сакав да се појавувам на емисии.




По таква медиумска пауза, сепак е потребно некако да се сврти вниманието на публиката, да се направи некаков пресврт. Е токму, оваа промена на имиџот е тој пресврт.

Направив толку песни, кои мислам дека публиката ги знае подобро од мене. Сега го пеам она што мене најмногу ми се допаѓа, а за среќа мојот вкус се совпаѓа со оној на публиката. Како да дојде некое поинакво време во музиката.




Се појавија млади луѓе кои се „инфицираат“ со некаков тренд, но кога доаѓа времето на зрелост, па сериозно се вљубуваат, влегуваат во сериозни врски, тогаш сите полека стануваат романтични.

И сите полека се насочуваат на тој вид на музика што јас го пеам. Па не е чудно, да „вокресне“ популарноста на некоја моја песна што сум ја пеел пред 20 години. Таквиот феномен и мене знае да ме изненади.




Пејачот Жељко Самарџиќ, во животот е најгорд на своите деца кои ги има со сопругата Маја. Ќерките Сања и Даниела не сакаат да бидат изложени во јавноста, додека Миња беше дел од јавниот живот до пред неколку години. Миња Самарџиќ го наследи талентот за пеење од славниот татко, па во 2010 година ја сними својата прва песна.




Тој и неговата сопруга се во среќен брак со децении, но тој еднаш призна дека ништо не е совршено, па ни нивниот брак иако успеаја да опстанат.

„Јас и Маја пловевме и уживавме во тоа брачно пристаниште со децении, иако морето не беше секогаш љубезно кон нас.




Имаше и бури, но за среќа, благодарение на добрата навигација, но пред се на љубовта и разбирањето, од кои е направен нашиот брод, ги издржа сите предизвици овие години“, изјави пејачот за Story во една прилика.




На концертот во Скопје пред две години, тој беше со неговата ќерка Миња, која беше придружен вокал, па новиинарите на Курир.мк го прашаа дали вие тој е најзаслужен што таа тргнала по неговите стапки?

-Знаете како, јас ја имам таа желба тоа што таа го свири на својата гитара во нашата куќа да го слушнат сите, меѓутоа таа ја нема голема доверба и кога започна со мене да настапува имаше отпор, бидејќи јас сум и татко.




Дали таа ќе се осмели повторно јас тоа не знам, јас сум и татко и таа засега патува со мене и таа е член на мојот бенд и пее придружен вокал и мислам дека ќе ми појде од рака да ја наговорам во Скопје да отпее нешто што ќе пеат сите со неа“, рече тогаш Жељко, пред концерот.




ас сум едноставно во години кога се занимавам со некој друг живот и во вистинска смисла уживам во плодовите од својата работа. Секако дека се уште останав активен кога се во прашање концертните активности.




Но, многу помалку посетувам телевизиски емисии, порано повеќе одев и можеби поради тоа што не сум толку често во медиумите па тие ме ставаат во друг план, но мислам дека тоа најдобро се покажува на концертите, бидејќи популарноста и неговото постоење се гледа токму на концертите и колку луѓе ќе дојдат“, додаде Самарџиќ.




Тој објави слика со сопрругата Маја од Бока Которска, во Црна Гора, каде што поминува цели лета, а најмногу ужива на својот брод. До сликата, тој напиша: Голем поздрав од прекрасната Бока.

Тој и Маја наздравуваат со чаша вино и уживаат како на меден месец. Жељко инаку има 66 години и одлично се држи, како и неговата сопруга која одлично изгледа.

Претходна статијаЕве зошто нашиот познат водител Ненад вчера двојно славеше и каков бил како помлад (ФОТО)
Следна статијаИ покрај болеста, Тоде Новачевски добро се држи во Австралија, еве што го крепи (ФОТО)