Бубе Јаневска- Ивановска, една од нашите најпознати јавни личности и најубави жени кај нас воопштво, во една прилиак зборуваше за тоа ккао и минува денот и кои се нејзините навики и ритуали.
-Во деновите кога сум на работа, денот ми почнува со кафе со колегите во Канал 5. Обично со првото утринско кафе се подготвувам за емисијата односно за гостите кои ми се предвидени за тој ден. Додека во деновите од викендот ги имам најубавите утра.
Има ли нешто поубаво од гушкање со сопственото чедо, а ќерка ми Нела обожава наутро да се гали со мама. Тогаш си ги правиме плановите како и каде ќе го минеме денот“, рече во Женски магазин ТВ презентерката.
– Најсилна инспирација ми е секако семејството. Тие ми се непресушен извор за насмевка, за љубов, за истрајност. Мотив да се издржат и победат сите препреки и предизвици. Едни две очиња кои нестрпливо ме чекаат да се вратам од работа се живот, а не само мотив.
Ме мотивираат позитивни луѓе. Сакам луѓе што се насмеани, луѓе од кои имам што да научам. Ме мотивира секој изминат ден. Сите грешки, но и убави нешта се искуство кое ме мотивира да станам подобар човек, подобра личност“, додаде Бубе.
Бубе зборуваше во интервју за vipheart.mk за тоа со која историска фигура би се поистоветила, но и за тоа на кого најмногу му се воодушевува?
– Принцезата Џаханара, ќерката на Мумтаз и Шах Махал која е дел од градењето ма мавзолејот Таџ Махал. Доколку би можела да се вратам низ времето тогаш би сакала да бидам Мумтаз Махал, да проверам дали нејзиниот Шах навистина толку силно ја љубел и не можел без неа што по нејзината смрт наредил да се изгради Таџ Махал.
–Мојата мајка која, за жал, не е повеќе со нас. Таа беше мојот херој, таа ме научи да бидам силна и храбра, таа ме воодушевуваше секојдневно со својата смиреност, остроумност, цврсти одлуки, безгрешни совети…“, рече Бубе и додаде:
-Емотивноста ме нервира кај себе, а и во одредени ситуации наивноста што во ова време-невреме им верувам на луѓето. Иако, искреноста и чесноста се мои одлики, очекувам и другите да се такви, а за жал не се. Од карактерот мој… Па, не знам како се вика таа особина ама не си поднесувам понекогаш што мислам дека можам сè сама.
– Добрите карактеристки одамна веќе се мана, за жал и тоа е она што ме вади од кожа. Не може користољубивоста, нечесноста, лагата, лицемерието да биде вредно и важно. Се дури на овие работи луѓето гледаат како на доблести, никогаш нема да биде од нас општество со вистински вредности“, рече презентерката.
Секаде онаму каде што сум била со оние што ги сакам и каде на среќата немала крај. Местото за среќа не е важно, луѓето се“, порача таа.
Бубе го прослави својот роденден, а со убави и со емотивни зборови и го честиташе нејзиниот колега и пријател Ване Маркоски со кој до пред неколку месеци работеше заедно во Канал 5 ТВ.
– Сакам скромни, искрени, борци и ненаметливи. Една е од луѓето кои ми се драгоцен подарок во животот. Бубе , денес слави роденден. Среќна, насмеана и здрава“, порача Ване.