Водителката Елена од „Сител“ на мака во програма во живо: Господине, мислам дека убаво ви објаснив

0

Елена Стојановска, водителката која е дел од Утрибската програма на Сител, во една прилика, во Женски магазин зборуваше за својата работа. Тоа беше во периодот кога во Македонија имаше карантин и забрана за излегување по 16 часот.




“Нашата утринска емисија “Ја сакам Македонија” на Сител не е на пауза но со колегите воспоставивме смени од по една недела за да можеме да функционираме со помал ризик.

Постојано сум во тек со сите информации и поради природата на нашата работа, но и од внимателност.




Смирена сум и кога не сум на работа многу убаво ми поминува времето со семејството. Се воздржувам од непотребни излегувања но јас си ја сакам слободата како секој човек.

Искрено и пред оваа ситуација многу си го сакав семејството, си го одржував домот, си правев вкусни јадења и внимавав на хигиената. Не сметам дека нешто допрва откривам! Од друга страна не ми е природно да не смеам да прошетам по 16 часот и да ми биде луксуз да си ги гушнам родителите”, изјави Елена за Женски магазин.




Елена во истиот медиум зборуваше за тоа како успеа да изгледа толку добро, и на кој начин ја одржува добрата форма, тоест која е нејзината тајна за убавата линија.

-Сите кои ме познаваат знаат дека со спортот сум на вие. Вежбам кампањски и никогаш не се претворив во некој спортски тип.




Најчесто место член јас сум спонзор на теретаната затоа што ќе платам членарина и не одам. Но, сакам да пешачам и мислам дека тоа многу ми помага.“

Елена утрово беше на мака, додека ја водеше Утринската програма „Ја сакам Македонија“ на „Сител“. Таа со гледачите разговараше за новите владини мерки и им објаснуваше кои документи им се потребни за излез од земјава.




-Господине, за да излезете од земјава по први септември, потребен ви е документ за имунизација или пак потврда дека сте го прележале вирусот во последниве 45 дена. Ако го немаме ова, ќе мора да приложите негативен PCR тест.




Ако го немате и него, ќе ви биде одреден седумдневен домашен карантин“, му објаснуваше Елена на гледачот. Тој изгледа дека не успеа да разбере па уште еднаш ја праша.




„Не разбирам, а кога ќе си одам од Македонија, што треба да покажам“?, праша гледачот кој најверојатно е иселеник кој по 1 септември ќе си замине од Македонија. Елена и на ова му одговори:




-Секоја земја си има свои правила за влез. Информирајте се кои се правилата во земјата во која одите“. Но, на гледчот не му беше јасно и повторно праша: А, што треба таму да покажам?




По, ова, водителката му се извини и му рече дека мисли оти убаво му објаснила. „Извинете господине, јас мислам дека убаво ви објаснив. Ве молам информирате се на нашиот сајт.

Ве молам да вклучиме друг гледач. Сакам што повеќе гледачи да можат да се искажат“, рече Елена.




Изгледа дека на луѓето не им се сосема јасни новите мерки, па затоа бараат информации од контактните програми на телевизиите.

Претходна статијаПроф. Трајковски: Многу сме блиску до врвот – продолжува да се намалува преносливоста
Следна статијаЌе се истепаа поради една жена- зошто всушност се скараа најпознаите музичари во бивша ЈУ?