Панчо: Бев на протест за кој се срамам дека воопшто бев – си заминав по 7 минути

0

Музичарот Владимир Блажев- Панчо не се согласува со новите мерки на Владата со кои само имунизирани граѓани и оние кои го прележале вурусот до 45 дена смеат да влезат во угостителските објекти и во моловите.




Панчо од ДНК беше на протестот пред Владата, објави своја фотографија но под неа во коментар пиша дека си заминал по седум минути. Блажев детално објасни во својата објава на Фејсбук:




-Слободата на движење и изразување на секој еден граѓанин на Република Македонија е загарантирано право според устав.

Немам никаков проблем против вакцините (и ја сум вакциниран) и вакцинираните, уште помал против оние кои неќат да се вакцинираат.




Имам СЕРИОЗЕН ПРОБЛЕМ кон луѓето кој сакаат да бидат дик татори и глумат режим во 2021 година и притоа индиректно да уништуваат приватни бизниси за кои не сфаќаат, односно не сакаат да сфатат дека некои сопственици имаа вложено се што заштедиле низ целиот свој живот и притоа подигнале и кредити кои мораат да се исплатат.




Стојам на ставот дека полошо менаџирање на криза од страна на “компетентни” ликови немало ниту некогаш ќе има, односно не им се дава можност на компетентните бидејќи за жал сме преполитизирана нација.




Премногу задоцнети мерки и пропусти, за подоцна сета нивна неспособност да се става на товар на недолжниот народ кој притоа плаќа данок за истите тие “глаучи” да земаат плата. Чесни луѓе и граѓани кои се борат за парче леб во оваа прекор-умприана држава (ако може така да ја наречам).




Бев на протест со мојата екипа (која е вакцинирана) за кој се срамам дека воопшто бевме. Не знам кој им дозволи(л) да дојдат до збор првите двајца, но се осеќав како да сум на некој партиски митинг каде што целосно ја утнаа поентата на протестот.




Разочарувањето беше очигледно кај многумина кои набрзо си заминаа од протестот кој треба да ги застапува и брани човековите права и да биде најголем отпор и критичар на власта која неќе да го слушне гласот на народот кој ги донел на таа позиција.




Апел до организаторите од мене е да не даваат збор и микрофон на секоја искомплексирана будала која е желна за 3 минутно внимание и притоа да зборува и да верува дека вирусот не постои, а толку многу недолжни луѓе си заминаа, а здравствените лица кои за мене се херои, КОСКИТЕ си ги оставија со тродупли смени“, рече Панчо.




Потоа, во коментар напиша: за жал не дочекав си заминавме после 7мин….

Претходна статијаВодителката Милена која е бремена – лута, откри дали се имунизирала и како на неа влијааат мерките
Следна статијаПрезентерот Спасе од Сител раскажа како се имунизирал: Ѝ реков на докторката: Па, не сум ти јас Карлеуша!