Фолкерката Сани откри што најмногу ѝ помага во тешките мигови, откако два пати за седум месеци е позитивна на вирусот

0

Познатата фолкерка Сања Сани Гроздановска во едно интервју за„Бекстејџ“ , откри дека за време на настапите и долгогодишната кариера имала и непристојни понуди кои вообичаено доаѓале од пијани гости.




„Охо, имав 100 000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис. Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ вели пејачката.

Таа зборуваше и за аца Лукас но и за тоа дали има направено естетски корекции.




„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше.

Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ вели пејачката за Бекстејџ.




Во интервјуто таа вели дека до сега нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но во блиска иднина има план да направи корекција на устата. За Фокус, таа неодамна откри дека по вторпат е позитивна на вирусот, и тоа за само седум месеци.




-За покачената температура мислев дека е нормална реакција од вакцината, но кашлицата беше јасен знак дека нешто друго се случува. Ете, по втор пат во рок од седум месеци сум позитивна на корона вирус, во домашна изолација сум, се лекувам, одморам.




Роденден и е на ќерка ми, жал ми е што вака се случи токму за роденденот, и двете ќеркички се сега со баба им, но се надевам дека за кратко време ова ќе биде зад нас и ќе надоместиме за пропуштеното – вели убавата пејачка за Фокус.




Со емотивна порака на социјалните мрежи, познатата фолк-пејачка Сања Гроздановска – Сани ѝ го честиташе роденденот на својата постара ќерка Викторија кога полнеше девт години.




– Мојата поддршка, мојата другарка, мојата среќа, мојата душа и срце, моето сè! Мојот свет денес полни 9 години. Среќен роденден кукло мајкина, да си жива и здрава – напиша таа на „Фејсбук“.




Викторија е ќерка од првиот брак на пејачката која пред пет години по вторпат се омажи. Партнерот Мартин Гроздновски го запозна на еден од нејзините настапи, а круна на нивнта љубов е ќерката Ева која во ноември ќе наполни четири години.




За жал, Сани не можеше да го прослави роденденот на својата ќерка Викторија која наполни 12 години, а за роденденот ѝ ја напиша ова посвета: Мојата поддршка, мојата другарка, мојата среќа, мојата душа и срце. Моето се. Мојот свет денес полни 12 години.




Среќен роденден Викторија кукло мајкина да си ми жива и здрава!“. Сани на своите пријатели им се заблагодари на честитките и на поддршката и напиша: Ви благодарам на сите што и го разубавивте денот од срце.

Претходна статијаДрагана Мировиќ од прва рака откри со кого е Жан Клод Ван Дам
Следна статијаВодителката Јована на плажа, објави заносна слика во бикини (ФОТО)