Директорот на Скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски, познат по прекарот Чомбе, во една прилика зборуваше за она што го мотивира во животот, и како му поминува еден обичен ден.
– Ме мотивира кога ќе видам среќни луѓе кои имаат смисол за животот. Денот го започнувам со тоа што гледам какви обврски имам. Доаѓам на работа. Се гледам со колегите и ги договараме работните состаноци и се така до 16 часот. Потоа заминувам дома на ручек со семејството, па некогаш знам потоа да одморам, а некогаш не“, изјави тој за Женски магазин.
Неодамна беше објаавено дека Зоолошката градина во Скопје добива 7Д кино. Станува збор за нова технологија на проектирање на филмови во 3Д во комбинација со дополнителни ефекти кои го прават визуелното следење комплетно, кои буквално прават да бидете дел од филмот.
„7Д киното ќе биде поставено блиску до влезот, а набавката нема да биде на товар на градскиот буџет, туку ќе биде платено од спонзори“, најави директорот на Зоолошката градина.
– Откако станав директор на Зоолошката градина, наша тимска цел беше да направиме Европска Зоолошка која ќе биде рамо до рамо со најпознатите од европа. За помалку од три години, успеавме да бидеме најдобри во регинот и ќе продолжиме така.
Во Скопје ЗОО ниту еден ден не е ист.Секогаш имаме различни авантури со животните, но и со посетителите. Работниот ден тука трае 24 часа, ноќе чуварите прават обиколка низ градината, а наутро ЗОО негувателите прво прават проверкадали сите животни се добри“, изјави во интервју за Популарно.мк Галетановски.
Тој сподели објава на скопскиот Градоначалник Петре Шилегов кој на својот одфицијален Фејсбук профил покажа како ќе изгледа новата Универзал сала. Шилегов напиша:
– Некаде на почетокот на јуни на одговор на новинарско прашање, кажав дека влегуваме во изборна кампања и дека во периодот што следи, ќе се изнаслушаме се’ и сешто (особено за мене), но и дека немам намера да се занимавам со ниските страсти и изопач ената политичка логика на ДПМНЕ,
туку дека мојата цел беше, е и ќе биде да се занимавам со проблемите на Скопје и скопјани, кои што скоро 3 децении се таложеа во нашиот град како резултат на нивното некадарно и волунтаристичко водење на градот.
Тие последици, тие проблеми ги решаваме чекор по чекор. Работејќи на вистинските негови приоритети и потреби на граѓаните.
Еден од децениските проблеми, еве веќе се решава. Драги скопјанки, почитувани скопјани, ове е новата внатрешност на Универзална сала !!! Скопје, една поинаква приказна !“.
Галетановски реагираше на вчерашниот протест против новите владини мерки и им даде поддршка на лекарите кои дел од протестантите ги нарекоа со неприкладни зборови.
-Кога имав кор она, на приемно во 8 септември и јас прашав. Каде се докторите? Сестрата ми кажа, господине едната колабираше од умор а другата има кратка пауза првпат јаде. Може ли да почекаш 3 минути? Се извинив и седнав на клупата.“