Мери Јордановска: Докажувањето на сопствената теза стана поважно од човечкиот живот.

0

Позната е приказната за новинарката Мери Јирдановска, која е инаку и активист за правата на животните за Жиле. Жиле е првото куче од Македонија кое се движеше со помош на количка и преку него светот дозна за лош-иот третман на животните во Македонија.




За неверојатната приказна на Жиле полна со таж-ни и среќни моменти раскажа со новинарката и активистка за правата на животните, Мери Јордановска, која заедно со новинарот Саше Димовски е автор на новиот документарен филм за храброто куче, кое отвори едно ново поглавје за спас на животните во земјата“, објави Расдио МОФ пред неколку години.




Јордановска го спаси Жиле, а потоа го лекуваше и го испрати во Америка каде што најде нов дом и живееше среќно до својот последен ден.

– Целата приказна за Жиле содржи толку многу емоции, и убави и лоши, и предизвика лавина реакции низ целиот свет, па оттаму мислам дека документарен филм преведен на англиски јазик е најсоодветниот приказ за овој срцепар ателен настан.




На тој начин документарниот филм ќе допре и до македонската, но и до светската јавност. Тоа ми е целта – да се види човечката сур овост наспроти човечката хуманост.

Да се согледа колку емоции, солзи, финансии и колку луѓе се потребни за да се „оправи“ нечија незрела постапка. А сето тоа може да се постигне само ако се видат снимките на едно суштество од кое сите можеме да научиме многу.




Жиле е куче кое ме научи што значи волја за живот и тоа е пораката која што сакам да ја пренесам понатаму“, изјави Мери Јордановска тогаш.

Јордановска во својот најнов статус ги повикува луѓето на обединување, без оглед кој какво мислење има и апелиеа секој да го почитуива туѓото мислење.




– Со толку ФБ експерти, не знам лек за кан-цер како уште не е пронајден. Гр-озен и одв-ратен стана Фејсбук, на виделина излезе сета гна-сотија до степен ако некој се заразил, а е вакциниран, оние другите да се ситат… и обратно.

Докажувањето на сопствената теза и мислење за вакцините стана поважно од човечкиот живот. Престанете со напади, потценувања и ситење на оние кои имаат спротивен став. Никој никогаш не сменил став поради коментар на Фејсбук.




Во моментов, во сиот овој наплив на информации, потврдени и непотврдени, јас најголемата одбив-ност ја имам единствено кон оние кои се уште на ков-идот гледаат како на “ребрендиран грип”.




Е кон таквите немам толеранција, бидејќи тие се оние кои најмалку почитуваат мерки и ја негираат реалноста. Вакцинирани или не, да покажеме одговорност, кон себе и кон сите околу нас.




Толку можеме, во име на речиси 6.000 семејства кои изгубија блиски, во име на медицинскиот кадар кој веќе нема душа, во име на оние кои боледуваат од други болести, а нема да можат да добијат здравствена нега поради преполните капацитети.




Тие се фактите, засега, комплетната вистина нема да ја знаеме ниту сега, најмалку па ќе ја одгатнеме на ФБ.

Претходна статијаЛепа Брена ја покажа сестра си, слични, а сепак различни (ФОТО)
Следна статијаДраган Спасов Дац: Како станавме побогати за уште еден член во нашето семејство