Елена Ристеска, која подолго време послабо е активна во музиката, но е посветена на новиот бизнис, козметиката која стана нејзин сопствен бренд со личен потпис, рече дека и недостига песната.
-Искрено, и мене почна да ми недостига музиката. Без разлика на тоа што не спиев целосно на музички план, имав и настапи, имав и снимање на нов материјал во Лос Анџелес и во Македонија, имав снимање и на емисии, пишував песни за себе и за други, сепак немам објавено нов музички материјал.
И тоа е нешто што ми го нагласуваа моите фанови, дека им се допаѓа идејата за отварање на бренд за козметиката и парфемите исто така, но, сакаа нова песна и спот.
Се надевам дека во следниот период ќе има ден и за објава на нова музика. Сепак „едно по едно“ е најубава стратегија во секој бизнис. Не можете да сте еднакво добри и ефективни на двете полиња ако работите истовремено на два важни процеси.
Сега откако ја поставив козметиката на постабилни темели , време е за нова песна“, рече Елена во интервју за crnobelo.com . Во истото интервју, таа ја коментираше состојбата со вирусот.
-Се надевам дека ќе се најде излез од оваа слепа улица. Сепак стравот за иднината кај сите музичари беше силен за време на карантинот, но веројатно подобро платените пејачи не видоа преголем страв кога почна короната, затоа што имаме некоја заштедена сигурност.
Она на кое не помислив е дека вложувањето во козметиката ќе се поклопи со ситуацијата со короната и карантините, па затоа почувствував страв од предвидувањата на поединци за ситуацијата со вирусот, дека уште долго ќе потрае.
Сепак, вистина е дека луѓето, во вакви вонредни услови, на последно место ќе инвестираат во луксуз – како што јас ја класифицирам музиката.
Повеќе ќе вложат во храна и понеопходни работи, отколку во карта за концерт. Но, мислам дека полека нештата си доаѓаат во нормала. И да не се вратат во нормала , сигурно постои некое решение и за нас музичарите и нашата иднина“, рече Елена.
Таа минатиот месец објави емотивен статус за татко си кој го напушти овој свет пред неколку години, но и слика од целата фамилија во црно-бело, а за тоа има и повод. Елена го напиша следново:
-Секој 14ти ми е се’ потешко , иако мислев дека време лечи се’, не е вистина. Само се зголемува бо лка -та поради твоето отсуство. Секој момент те мислам.
Секој ден се прашувам зошто баш ти? Зошто најдобрите души порано си заминуваат? Бог го има одговорот, јас само знам дека никогаш ништо во мојот живот не е веќе исто без тебе..
Ни радост, ни тага. Ни успех, ни пораз. Бескрајно ми фалиш тато, ќе славевме твој 70ти роденден денес.“, напиша Елена.
Таа објави слика каде што е тип-топ средена, и за тоа му се заблагодари на својот стилист, но до сликата на која изгледа супер, напиша и една мудра мисла:
„Кој се обидува да ве сруши, веќе е под вас“. Златните раце на мојот Даниел Николовски ми ја направија оваа прекрасна шминка и фризура. Те сакам до небото над нас и подалеку.