Симеон Атанасов, синот на Есма Реџепова Теодосиевска со сите сили се бори да го сочува наследството на својата мајка и таткоот Стево, за што е во тек суд ска постапка.
– Би сакал да ве информирам дека денес имавме рочиште во врска со двата тестаменти кои што ги остави Есма Редžепова. За жал и голем срам се е одложено..
Адвокатите на тужителите Реџепови побараа да се стопира целиот процес бидејќи Министерството за култура и после четири години се уште немаат донесено одлука дека се нафаќаат да бидат наследници на музејот, како и што е наведено во тестаментот..
Од друга страна тужителите немаат докази во кое крвно сродство се со Есма. Морам да кажам дека ова може да се случи само кај нас, во оваа наша мала Македонија.
Ги повикувам уште еднаш надлежните да се преиспитаат, зошто го дозволуваат ова. Мојот апел е: ЗАЕВ ДОЗВОЛИ ИМ НА ЕСМА И СТЕВО ТЕОДОСИЕВСКИ ДА ПОЧИ ВААТ ВО МИР.
Нивните души нема да се мирни додека не се исполни нивниот аманет, да се отвори музејот, музичко училиште за деца кои што немаат услови, а имаат талент, нивните урн и да бидат во тој музеј.
Ова се само дел од желбите на Есма и Стево Теодосиевски кои што не можат да се исполнат поради нечии каприци, да земат нешто за што немаат вложено еден грам свој труд“, изјави Симеон на почетокот од оваа година за порталот svet-australia.com Тој вчера се присети на својата мајка која е родена токму на 8 август, Света Петка.
На денешен ден е родена Есма Реџепова Теодосиевска, мајка во вистинска смисла. Денес посветувам неколку стиха токму за неа, за личноста на која вечно ќе и бидам благодарен. Почи вај во мир мајко
ПЕСНА ЗА МАЈКА ЕСМА, ДАЛЕЧНАТА 84-та ГОДИНА; КАЈ НЕА МЕ ОДНЕСОА; СО МИЛ; ПОГЛЕД ТАА МЕ ПРЕЧЕКА; КАКО ВИСТИНСКА МАЈКА МЕ ПРЕГРНА
МНОГУ ДЕЦА ИЗРАСНА ТИ; ВО ВИСТИНСКИ ЛУЃЕ НЕ ПРЕТВОРИ; НЕ Е МАЈКА САМО ДА ТЕ РОДИ
ТУКУ ИСКРЕНА ЉУБОВ И СРЦЕ ДА ТИ ДАРИ; ПЕСНИТЕ НАШИ СÉ УШТЕ СЕ ПЕАТ; “БОЛНА ЛЕЖАМ” И “ЧЕКАЈ ЖИВОТЕ” НА ВЕСЕЛБИ ЕЧАТ; “МАНГАВА ТУТ” СЕКОГАШ СЕ СЛУША
СО “ЧАЕ ШУКАРИЕ” СЕ СÉ ЗАВРШУВА; ПРОСТИ МИ МАЈКО МИЛА; ЖАЛАМ ШТО НЕМАМ МОЌ И СИЛА
ДА ЈА ИСПОЛНАМ ЖЕЛБАТА ТВОЈА; ЛЕСНА ДА ТИ Е ЗЕМЈАТА ТВОЈА“, напиша Симеон.