Татајана Лазаревска изгледа одлично, а на тоа се должи нејзииот брз живот изгледа. Нашата пејачка која со сопругот Новица и синовите Петар и Стефан живее во Австралија, неодамна изјави:
-За мојата линија најзаслужна е мајка природа, хахаха. Потоа, секојдневната домашна гимнастика (чистење и средување по куќа) и периодична посета на теретана, тоа е сега за сегa“, рече таа.
-Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за а svet-australia.com
Само да се потсетиме дека со оваа работа, мислам на музиката се занимавам веќе 25 години, но по образование сум професор за предучилишно образование, па така и овде во Австралија продолжив со образованието во таа област.
И еве сега работам како учиталка во градинка и ми е интересно да работам со деца. Секој ден со ново искуство и така заборавам на се’ што се случува во светот“, рече Тања во истото интервју.
Но и тие, колку што можностите дозволуваат доаѓаат дома во татковината кај наблиските. Татјана има мајка, Снежана, а татко и за жал го има напуштено овој свет.
За болката откако останала без својот татко, во една прилика, Татјана ја има раскажано целата приказна, во Женски магазин за тоа како се тешела по оваа голема загуба.
– Вечерта кога татко ми си замина имав настап во Гостивар. Го откажав, тоа беа најтажните моменти во животот. После две недели имав настап кој беше претходно закажан, можев да го откажам, но не го сторив тоа.
Нејзината мајка, неодамна прослави роденден, а Татјана и Новица и честитаа како што најдобро знаат, со песна, на Фејсбук.
Прво, со честитката почна Татјана: Мамичке моја наскана, среќен 66 роденден“, а потоа се уфрли Новица кој рече: Бабичке убавичке!
Татјана продолжи: Да си жива и здрава, многу те сакаме и многу ни недостасуваш, ама затоа ќе ти испееме песна“, рече среќната ќерка и запеа роденденска песна заедно со својот сопруг. Всушност Татајана ја испеа својата песна „Среќен роденден“.
Според сликите на мајката на Татјана на Фејсбук, таа е убава жена, а Новица е среќен што има таква млада и убава баба. А крушата под круша паѓа, па очигледно е дека Татјана е убава на мајка си.
Лазаревска сподели слика од Австралија, каде што сега е зима, како игра кошарка и напиша: Во здраво тело- здрав дух. Одлично ѝ стои оваа улога на Тања и изгледа дека сега откако се фрли на спорт, ќе одмори од пеењето.
На ова, порака ѝ упати нејзината пријателка Маријана Новачкова, познатата пејалчка која одамна е преселена во Австралија, и е сестра на Росана Сариќ- Тодоровска.
-Дефинитино те победувам. Ти гарантирам дека секоја оја топка ќе е надвор и далеку од мрежата. Не може тоа секој. И тоа е уметност.