Бил дволичен и немал чувства – бившата девојка од Русија лом го направи познатиот актер

0

Многу малку се знае за приватниот живот на Милош Биковиќ, популарниот српски актер по кој жените лудуваат, а неодамна откри дека има македонско потекло.




Врските што ги имаше со многу девојки беа прекинати од непознати причини за нас, и тој никогаш не сакаше да зборува за тоа, но некој друг сака, а тоа е младата Арина, Русинка со коja неодамна го раскина познатиот актер.




Тие за прв пат се појавија во јавноста заедно на почетокот на мај, на забава на списанието InStyle во Москва. Според извори блиски до популарниот актер, тие се запознале во октомври, и љубовта се случила веднаш.




Сепак, нешто тргна наопаку. Ако треба да се верува на Инстаграм на Арина, таа вчера стави крај на оваа романса.

– Не го живеев својот животот скоро една година, бидејќи бев во врска со Милош Биковиќ. Важно беше да се размислува за неговиот карактер, репутација, углед (тоа му е најважно, но за жал, сликата што ја гледате на екранот не одговара на реалноста, што е особено страшно кога таа личност го споменува Бог на секој чекор).

До последен момент се надевав дека има нешто човечко во него. Но, на 31 јули, се целосно се распадна. Се однесуваше многу гр-убо.

Кога за првпат се појави информацијата дека сме заедно, мојот предлог беше да кажам дека немам никаква врска со тоа, за да нема проблеми.




Тој рече: „Не, тогаш тоа ќе оди против нас и нашата врска. Медиумите веќе забележаа, повеќе нема да се криеме. „Кога се излезе на виделина, неговите реакции и однесување кон мене целосно се сменија.

Само не реагирај, не одговарај ништо, не грижи се. Така правев. Слушав се што ми кажа. Но, од денес веќе не се нарекувам негова девојка и повеќе нема да се мешам во тоа.




Полесно ми е да ја објаснам ситуацијата, за да нема шпекулации и прашања. Ми се случува да добивам непријатни порадки од непознати луѓе кои ми се зак-ануваат, изморена сум од тоа.




Културата на овој човек ги премина сите граници. И вредностите за кои зборува, не знае за нив, се гледа само себеси, не го почитува времето, напорот, здравјето на другите луѓе.




Особено на оние во непосредна близина. Чувството на одговорност и вина за него е најлошото, бидејќи го задушува. Во тие моменти, не можете да размислувате за себе, за вашата удобност и себе.




Животните ситуации што се случија го открија од сите страни – се наведува во објавата на неговата пријателка, која таа ја објави на нејзиниот профил на Инстаграм.

Покрај тоа, младата Арина објави заедничка фотографија со Милош, а нејзините следбеници и оставија зборови на поддршка.




– „Ни ги отвори очите“, „Тој е човек со две лица што ја ун-ишти секоја жена со која беше“, „Дали на повидок е нова верзија на случајот на Џони Деп и Амбер Херд“?

Ова се само некои од коментари што се најдоа под објавата, а актерот се уште не се огласи по овој повод.

Претходна статијаЕПТЕН РОМАНТИЧНО: Ване Цветанов и честиташе годишнина на Дунавка (ФОТО)
Следна статијаКарлеуша го забoрави пожарот во Бодрум и сега го пали Инста на јахта (ФОТО)