Изминатите денови, ние во два наврата пишувавме за времето на вториот крак од полуостровот Халкидики, Ситонија. Нашите фотографии беа точно од Сарти, каде изминатите неколку денови се случија неколку немили настани.
Имено, минатата среда таму имаше невреме, а следните денови морето беше невообичаено разбранувано. Објективот на нашиот читател кој ни ги испрати фотографиите, го забележа феноменот кој е објаснет подолу.
Регионалните медиуми известуваат за неколку немили случаи изминатите неколку денови.
Златко Белиќ од Горњи Милановац, кој имал 52 години, викендов се удавил на „прок олна тата плажа“ во Сарти, каде само овој месец се удавија околу десет лица!
Како што пренесува Блиц.рс, според локалните медиуми, само минатиот викенд, две лица се удавиле на таа плажа, каде животот сега го загуби и техничкиот директор на компанијата „Рудник“. Златко, иако, како што рекоа неговите колеги, е добар пливач, се удавил во плиткото! Се сомневаат дека струи и големи бранови го влечеле во вода.
За локалното население, оваа „опседната плажа“ е позната по феноменот “Rip Current”.
„До 12 часот морето е мирно и тогаш е можно да се плива, но само во аглите на плажата, не во средина, бидејќи струјата прави депресии поради што губите тло под нозете“, напиша српски државјанин ГЦ на Фејсбук како коментар за веста за упокојувањето на Белиќ.
Локалните медиуми наведуваат дека на градската плажа во Сарти, многу е важно да се биде претпазлив и да се препознае феноменот “Rip Current”.
Како што објаснуваат, изгледа како да се појавува „лента“ во морето, видена од копното поради разбрануваното море.
„Ако некое лице го влече струја на тоа место, го влече на отворено море, а не на длабочина“, наведуваат локалните медиуми.
Како што објаснуваат, ако се најдете во оваа ситуација, многу е важно да бидете смирени, да ја држите главата над вода и никогаш да не пливате кон брегот.
Дури и професионалните пливачи тогаш не можат да излезат. Иако се чини застра шув-ачки, потребно е да се остави „водата да ве носи“.
Во одреден момент, струјата ќе попушти, пливачот ќе биде исфрлен во близина на брегот и тогаш останува само да се плива исклучиво паралелно со крајбрежјето, а не кон него “, ги наведуваат локалните медиуми советите на спасувачите од Грција.
Препораката на спасувачите е да се обрне внимание на црвеното знаме, што значи да не се влегува во морето, поради јачината на струјата и големината на брановите. Особено е важно да обрнете внимание ако се најдете на ваква плажа со деца.
„Ова предупредување не се однесува само на неискусни пливачи, туку и на други, искусни пливачи“, објавија грчките медиуми.