Мајката на Јане се јави од болница од Париз: Животе и Марфи…. одморете ме малце

0

Јане Велковски страда од спинална мускулна атрофија. Малиот Јане живее за фудбалот.




Неговата инспиративна љубов кон овој спорт за првпат го одушеви светот пред три години, кога непосредно пред Супер Купот во Скопје, беше фотографиран додека ја имитираше славеничката поза на Кристијано Роналдо пред голем постер.

„Кога играм фудбал, јас заборавам на сè… Јас во мојата електромоторна количка можам да го водам тимот, можам да бидам капитен.




Цела фамилија моја го сака фудбалот. Нешто јас што не можам да правам, или брат ми или татко ми или мајка ми ми помага. Тие ми даваат поддршка да го добијам лекот и да бидам фудбалер како Роналдо“ – изјавуваше Јане.

„Јас не можам да одам, јас сум роден да не можам да одам, бидејќи имам спинална мускулна болест… Сите на светот можат да играат фудбал, нема врска какви се“ – изјавува позитивното детенце.




Министерот за здравство Венко Филипче, минатата година на социјалните мрежи објави дека се видел со Јане и дека жали што поради вирусот не можат да го реализираат договорот и заедно да одат во кино:




„Можеби корона вирусот нѐ спречи да одиме во кино со Јане, но денеска после 4 месеци конечно се видовме! Секоја дружба со него е вредна!

Горд сум кога гледам дека и тој е среќен. Минатата година, нашиот Јане почна да го прима лекот Спинраза.




За првпат овој лек го воведовме во нашата земја. Тој и уште 6 дечиња ја примаат потребната терапија. Го даваме својот максимум за грижа за пациентите со ретки болести.

Јане се има запознаено со најголемите светски фудбалскии ѕвезди како Пол Лабил Погба, кој лично ги има покането да следи негов натпрева, како и Дејвид Бекам, во Њујорк во 2019 година.




-Бекам е многу кул, воопшто не се занесува, не се прави ѕвезда. Кога ми пријде да се запознаеме, го прашав кој му е омилен гол што го дал. Ми рече: Оној од половина терен. Се сликавме и си разговаравме. Му раскажав од каде сум и дека многу сакам фудбал. Бекам е супер, ама Погба си е Погба. Тој е најјак“, рече Јане во Женски магазин.




-Кога се подготвувавме за патот во Њујорк, не сакавме да му кажеме дека и Бекам ќе биде таму, за да не му даваме лажна надеж. Не бевме сигурни до два дена пред почетокот на собирот.




Кога ни потрдија, му рековем на Јане да биде трпелив, да го почека моментот кога ќе може да се види со Бекам“, раскажа Деница, мајката на Јане.

„Погледите им се сретнаа, и интересно беше што и двајцата тргнаа еден накај друг во исто време. Кога забележа дека ги сликам, го праша Јане: дали ова е татко ти?

Потоа ме повика и мене да се сликаме заедно. Навистина важи онаа изрека дека што си поголем, тоа си поедноставен“, вели Ѓорѓи, таткото на Јане.




Мајката на Јане сега го објави неговото патешествие кое е поврзано со подобрување на здарвејето на ова дете, но пак е поврзано со фудбалот кој многу го сака. Од Париз, госпоѓата Велковска објави слики од својот син во болица и напиша:

Јуни:Белград за продолжување имплант,болница со инфе-кција, Спинраза, две утакмици во Букурешт, пукнат конектор на имплант во ‘рбетот на Јане!




Јули: финале во Париз (пред ТВ), на ноќ пред операција за корекција на имплантот!
Август:…. се надевам на плажа….. животе и Марфи….одморете ме малце“.

Му посакуваме на Јане побрзо да оздрави и да продолжи со уште посилно со љубовта кон фудбалот.

Претходна статијаЕли Танасковска и фолкерката Сани си имаат заеднички бизнис, еве каков (ФОТО)
Следна статијаДечкото на Цеца за првпат јавно ѝ изјави љубов, а таа наврна, мокра до гола кожа (ФОТО)