Синот на Тони Михајловски, Александар: Татко ми ми мести улоги

0

Тони Михајловски повторно ја врати емисијата Опуштено и му гостуваа многу познати липчности како Елена Ристеска, д-р Милан Ристески, Јанко Илковски, Снеже Велков…

Тони Михајловски во последно време повеќе работи во Србија, односно снима филмови и серии, а многу помалку во Македонија. Познатиот глумец во новата емисија Еден на Еден кај Жаре раскажа за овој феномен.

– 99.9 посто работам во Србија а 0.01 посто работам во Македонија. Последно во Македонија беше „Стела“, првиот детски филм снимен пред две години. Пази, првиот македонски детски игран филм. Што се ти кажува, како се работи? 2019.

А, пред него, шест години немав снимено, од „До Балчак“, потоа го снимив „Стела“, и сега повторно две години сум тука во пауза.

Според она што работам овдека, во Србија сум пута 5, турбо. „Сенки над Балканот 2“, потоа „Тајкун“, „Црна свадба“ ја снимавме, тоа е нешто најново што се спрема сега, се монтира“, рече Тони за својата работа во Србија.

„Опуштено“ ја емитуваше својата последна емисија за оваа сезона и гостуваше триото, бендот кој настапува во текот на сезоната, но и актерите Ненада Нацев и Александар Михајловски, синот на Тони.

Тие во емисијата имаа улога на анкетатори, правеа забавни анкети низ Скопје.

– Ти си вработен во тетараот, така? Браво! Од дома те знаат дека си во емисија?“, го праша Тони Александар, а тој му одговори:

– Не, не, не ме знаат. Сам дојдов.

Потоа го праша неговиот колега Ненад Нацев: ти Нено, работиш нешто во театар, или поретко се случува, на што тој му одговори дека не е вработен во театар и објасни зошто.

-Се е див-еризја и не сакам да бидам дел од неа. Среќа што снимам по некој филм. Последниве три години изиграв една претстава во Драмски театар и многу убаво ми беше.

Јас сум еден од ретките што заработува и живее од друго, а глумата ми е љубов и ја оставам да ми биде најчиста“, рече актерот Нацев.

Но, најинтересното прашање кое Тони му го постави на синот е: Ќе направиш некогаш некој кумановски лик, „трибјут ту јуар фадер“, а тој рече:

-Игарм кај Јордан Симојов а тој ми вика: Ај збори на кумановски. Јас му викам: Те молам не на кумановски. Кај личам на татко ми, ќе ме уте -паат: Види го овој на Тони, имитира га татка… Ама, ќе ти ја превземам „Опуштено“.

Потоа, Тони го праша Александар: Колку има вистина во тоа дека татко ти ти мести улоги, а син у му рече: Многу. Еднаш дури ми намести улога и ја играше место мене!

Претходна статијаВодителката Елена на Карибите, не се знае дали е поубава таа или плажата (ФОТО)
Следна статијаЌерката на Гоца Тржан кажа што мисли за нејзиниот втор маж