Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини.
И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна“, рече во една прилика Елена Стефановска, водителката на емисијата „Живот со стил“ за својата емисија.
Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.
Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел.
А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни“, изјави таа во претходно интервју за hybrid.mk
Амбициите ме водат за поголеми успеси, камерата ми е најголемиот заводник, а приказните на познатите ми отвораат нови хоризонти”, изјави таа во истото интервју.
За порталот Женски магазин, Елена Стефановска во една прилика изјави:
-Видете, жените се разликуваат најмногу од мажите според начинот на размислување. Битно е да изгледаат уредно, визуелниот изглед помага, но магијата е во главата на жената.
Во очите на Елена „Живот со стил“, во последните месеци се гледаат посебни искри, препознатливи за вљубени жени. Очигледно и е убаво, а таа не ги крие емоциите, туку напротив, своите убави моменти со саканиот ги споделува со своите фанови на социјалните мрежи.
Елена неодамна славеше роденден и тоа на посебно место. Таа сподели слика од Белград во која пие шампањско и на Инстаграм напиша: Среќен ми роденден.
На сликата не е нејзиниот сакан Бојан Најдовски, но тој сигурно е автор на фотографијата.
Елена поретко објавува слики со дечкото, освен ако за тоа има повод. А убав повод е нивниот романтичен одмор во Грција. Елена шерна слика со својот сакан и напиша:
Ти, јас и морето. „Лето 2021“, мојата љубов.