Бјелогрлиќ сподели тажен и носталгичен спомен (ФОТО)

0

Драган Бјелогрлиќ и неговата сопруга Маја неодамна прославија 25 години брак, а по тој повод, актерот ја однесе подобрата половина на убаво романтично патување, во Мајами.

Според информациите на „Курир“ брачната двојка веќе неколку дена е во Америка и престојувале во еден од поскапите хотели, каде сместувањето е околу илјада евра на ден.

Сместено е на крајбрежјето, има приватна плажа, каде што Бјелогрлиќ можеа да уживаат цел ден.

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ реши да направи филм за една голема легенда.

Тој сними дел од неговиот нов филм и серијал „Тома“, за легендарниот пејач Тома Здравковиќ, во Чикаго.

Бјелогрлиќ за прв пат беше во Чикаго, а пред да се врати во Србија, одржа прес-конференција и ги сподели своите впечатоци.

– Да знаев дека сè ќе биде толку добро организирано во Чикаго, ќе направев таму повеќе сцени, навистина не верував.

Им благодарам на сите наши што помогнаа, на сите од дијаспората од целиот регион, ова е навистина сериозен српски град – рече Драган Бјелогрлиќ на почетокот на разговорот, пренесува српски Тајмс “.

На прашањето дали го познавал Томо Здравковиќ, тој рече:

– Се сретнав со Тома еднаш или двапати во животот, не го познавав. Идејата за снимање на филмот потекнува од Жељко Јоксимовиќ, кој еден ден дојде кај мене.

Тој ми го даде предлогот за овој филм. Останатото е историја.

Отидовме да снимаме во Чикаго затоа што некои важни работи на Тома му се случија токму во Чикаго.

Дојде овде откако дозна дека е сериозно болен, може да се каже дека во Србија се вратил за да се упокои.

И тогаш ја запозна Гоца, се ожени, ја врати верата во животот и напиша неколку од неговите најдобри песни.

По враќањето во Србија, тој стана најпопуларниот пејач, одржувајќи 20 концерти по ред во Домот на синдикатите, што беше рекорд во тоа време.

Актерот Драган Бјелогрлиќ на почетокот од 2019 година, со потресен говор се опрости од Марко Николиќ, актерот со кого во серијата „Бољи живот“ ги играа улогите на татко и син.

Комеморацијата за Николиќ или познатиот Гига, се одржа денеска во Народниот театар во Белград, а на неа присуствуваа семејството, пријателите и колегите.

Бјелогрлиќ го имаше еден од најемотивните говори во чест на Гига, зборуваше низ солзи, а не успеаа да се воздржат ниту останатите присутни на комеморацијата.

Актерот ги потсети присутните за скромноста на неговиот „чале“.

– Како да се биде едноставен, обичен, ненаметлив, а истовремено силен, автентичен и неповторлив. Илјадници уметници ги потрошија животите трагајќи по таа формула обидувајќи се да го достигнат тој идеален спој.

На Марко Николиќ тоа не му беше потребно. Нашиот Маре таков беше роден, така и живееше. Марко сакаше да лови риба, да плови по реката, да пие вино, да свири гитара и да пее.

Се возеше со градски превоз и се дружеше со комшиите, мајсторите и сите едноставни, би рекол, обични луѓе. За глумата и театарот ретко зборуваше. Не трчаше по улоги, тие сами му доаѓаа, а тој ги заживуваше.

Лишен од амбицијата да биде најдобар и најпопуларен, тој беше и едното и другото и затоа како најголема актерска ѕвезда на 80-тите години во големата Југославија тој се возеше со градски превоз и тоа на ниту еден од неговите обожаватели не му беше чудно, им беше нормално затоа што тој секогаш беше еден од нив.

Марко секогаш беше еден од нив, наизглед обичните луѓе. Затоа неговиот лик Гига беше најомилен Моравец и во Сплит, и во Марибор, Ријека, Цетиње, Тетово, Загреб, Приштина, сегде… – зборуваше Бјелогрлиќ.

Сега тој на својата Фејсбук страница на која инаку често споделува слики и видео од српските легенди кои веќе не се меѓу нас, сподели снимка од Марко Николиќ и од него во серијата „Бољи живот“.

Марко му недостасува на Боба, па тој кратко напиша Гига со неколку срциња.

Претходна статијаБоба Живојиновиќ раскажа колку милиони евра вложил во нов бизнис во Америка и како се збогатил
Следна статијаВане и Милена заедно на коктели, Бубе од Канал 5 им упати порака (ФОТО)