Ќе се удри од таван – прскајте го Фикусот со оваа вода и ќе „збесне“ од живот

0

Една од најомилените собни билки е Фикусот. Тој спаѓа во фамилијата на дудинки (Moraceae), и е билка која се одликува со многубројни видови со различен раст и листови.

На пример, „фикус еластика“ има големи листови со облик на заоблена елипса и шилести црвени пупки кај младите листови кои изгледаат многу декоративно додека фикусот „бенџамин“ има повеќе помали листови и најмногу наликува на дрво.

Повеќето билки од овој вид добро го поднесуваат режењето, па доколку сакате да го ограничите неговиот раст, најдобро е да ги покастрите до посакуваната големина.

Отсечените гранчиња можете да ги користите за раз-множување така што ќе ги ставите во земја откако сте ги истретирале со прав за закоренување или сте ги чувале во вода додека да пуштат доволна мрежа од коренчиња. После орежувањето на билката мора внимателно да ја полевате и дури после еден месец да ја прихраните.

Честопати се случува фикусот да ги изгуби своите листови откако ќе го купите. Ова се должи на ст-ресот и ш окот кој го доживува ова растение поради транспортот и преносот на нова локација.

Обезбедете му на фикусот многу светло и влага, односно редовно залевајте го во периодот на адаптација на новото живеалиште. На секои 14 дена прскајте ја билката или мијте и ги листовите со вода на собна температура или нежно млака вода.

Доколку ги миете листовите, тоа можете да го правите со следниот раствор: во водата додајте неколку капки течен детергент, исперете ги листовите со нежната страна од сунѓерчето или памучна крпа, а потоа исплакнете ги со чиста вода.

Главно, на овој начин се перат големолисните листови, додека ситнолисните фикуси може да се оштетат, па оваа постапка да доведе до сушење. Кај ваквите фикуси доволно е само да ги испрскате со нежен распрскувач.

Со прскањето ја одржувате билката чиста од прашина и што е најважно, на тој начин спречувате вошки и други штетници да ја на-паднат билката. Фикусот не поднесува провев ниту нагли температурни промени, како ни селење, така што мора да внимавате на неговата локација, да не е изложен на директен провев во просторијата.

Пожелно е покрај билката да забо-дете и цврст стап кој ќе го врзете како потпора додека стебленцето е сè уште младо. Во текот на стареењето најстарите листови најчесто отпаѓаат, но ако тоа и се случи на млада билка, тогаш веројатно пречесто ја залевате.

Доколку листовите кои отпаѓаат имаат кафеави дамки, тоа укажува дека просторијата во која се наоѓа фикусот е престудена.

Фикусот е многу чувствителен на преголемо количество влага во земјата, но и на нередовно залевање, па во такви случаи листовите жолтеат и отпаѓаат. Затоа треба да се внимава да му се обезбеди добра дренажа, односно одвод на водата од цветниот сад.

Внимавајте земјата секогаш да биде умерено влажна и никогаш целосно да не се исуши. Зимно време залевањето се сведува на еднаш неделно, додека летно време се полева двапати неделно. Фикусот не сака да има вода во подлошката, па после полевањето отстранете го вишокот вода што ќе се исцеди од саксијата. Летно време треба да се прихранува двапати месечно.

Кога е млад, фикусот треба да се пресадува еднаш годишно, додека старите билки може да се пресадуваат секои две до три години. На хумусната и растресита земја додајте малку песок и тресет.

Со текот на годините фикусот Бенџамин развива убава мрежа од корења кои не смеат да се потсекуваат. Младите билки се пресадуваат во нешто поголеми саксии, а кога ќе станат возрасни, бидејќи многу е тешко да се пресадуваат, само отстранете го горниот дел од земјата и заменете го со свежа земја.

Доколку се горните листови од фикусот послабо се развиваат од долните, односно се помали од долните, тоа значи дека билката гладува, па потребно и е итно пресадување.

Претходна статијаМора нешто да не е во ред, мајка ти сигурно не би те проколнала без причлина – неверојатна исповед од Света Гора
Следна статијаПо десет години борба, нашата фолк пејачка стана мајка, никој не знаеше дека очекува принова (ФОТО)