Ве вреѓа кога ве викаат татари, а нас не навредува кога не викате бугари: Познатиот музичар ги прозва соседите (ФОТО)

0

Познатиот музичар Петар Георгиевски, познат како Перо Камиказа од групата „Меморија“, на 20 ноември 2018 година, бил згрижен на Кардиологија со дијагноза пулмонална емболија со тромбофлебит во левата нога.

„Ден на светецот Архагел Михаил кој зима души. Но, ете јас сум имал ксмет и денес сакам накратко да споделам неколку мисли со вас.

Седумнаесет дена поминав во кревет без никакво движење, токму на овој кревет што го гледате. Нешто најтешко за мене во изминатиов период од животот. Но, помина.“, напиша тогаш лидерот на групата „Меморија“.

Перо кој е познат вљубеник на спортот и маратонец, го сподели своето искуство со вирусот од кој боледувало целото негово семејство.

Оваа петорка трчаше на Скопски преклани, но оваа година ја “протрчавме” и короната. За среќа со минимални симптоми и “психолошки ”проблеми. Ајде по ред.

Прво ќерка ми пројави минимални симтоми, се тестираше и оп! Позитивна! Брзо тестирање на цела фирма и сите негативни! Уф,добро е си викам! Жена ми се се тестира со нив заедно и “негативна”.

Супер си викам, не се заредила по сите, кога син ми се жали ноќта на малку повисока температура, утредента тест и он и снаата позитивни.

Бидејќи јас спаѓам во „ризичните” ради претходната болест, одам да се тестирам и да направам кр вна слика. По сите параметри на кр вната слика, немам корона вика докторот.

Радоста траеше до 18 часот, кога ми соопштија дека и јас сум позитивен. Сега од петорица четворица сме позитивни!?

Таа ноќ, ја минав во илјадници прашања, што, како ќе биде, па така потонав во сон најмо рбиден во мојот живот. Татко ми по-чинал, па јас не сум можел да одам на пог реб ради короната, а мајка ми во болница!?

Останувам така немоќен и конечно се будам во паничен ст рав, дека конечно е готово и со мене? Се будам ,мерам притисок:180 со120! Срцето 125 у место?!

Се дофаќам за апчиња за притисок кои се тука од времето кога лежев во болница, пак мерам притисок,после десет минути:200 со 100, срцето 145!?

Викам ок…Тука е крајот? Ми текнува и мерам температура :36.6…Кислород 98!?Викам:ова се два параметри кои кажуваат дека сепак ќе се извлечам!?

Мерам по 15 минити притисок, но некако се чуствувам смирено…132 со 85 со 75 отчукувања! Телото и пан ичниот ст рав ,направиле некаков пакт и еве ме назад.

Останатото го поминав со малку главоболка, и мал синусит…Темература јок, ни еден ден…

Да додадам дека од првите симтоми на ќерка ми не излегов од дома, бидејки ако се рашетав тие денови по Водно, кеј и со моторите како и секоја година ќе направев едно убаво кластерче.

Да не должам: сите помалку повеке го поминавме ковидот без посебни проблеми, но вредно е да се забележи: на секој обид за спортска минимална активност пулсот ми се качуваше вртоглаво, така да се воздржав до крајот од такви егзибиции..

Денеска првпат малку подолго прошетав и можам да кажам дека сега, се е ок, ама за пешачење. Денеска и последниот член кој дефакто последен падна (жена ми) се чуствува добро. Ние се збогувавме со “чудо виштето” на најдобар можен начин.

Сите со лесно и без последици! Мајка ми 85, татко ми 94 и сестра ми 66 не добија за среќа симптоми, и без разлика што се цел живот позитивни, овој пат се спасивме што останаа “негативни”. Сполај ти Боже за искуството“, напиша Перо Камиказа на Фејсбук.

Тој сега го искоментира односите со Бугарија и на Фејсбук порача:

„Драги комшии, вас ве вреѓа кога ве викаат татари, а нас не вреѓа кога вие сакате да не викате бугари. Ние сме биле, сме и ќе останеме МАКЕДОНЦИ. Се додека има век и живот на земјава“, порача Камиказа.

Претходна статијаКалиопи објасни во Србија: Македонското сонце е љубов (ВИДЕО)
Следна статијаВане Маркоски откри кој му помогнал кога му било најтешко: Се појави од нигде никаде и ми подаде рака