Маја Панчева денес слави, ќерката Марија објави емотивна порака (ФОТО)

0

Маја и Дарко Панчеви се заедно веќе 23 години и се еден од најскладните парови во јавноста кај нас. Легендарниот фудбалер и пејачката имаат две ќерки, Надица и Марија.

„Дарко беше тој што иницираше контакт, и некако се се случи толку спонтано да се запознаеме, и да бидеме искрени еден кон друг. Многу брзо си се допаднавме“, изјави Маја во Женски магазин за својот сопруг, а потоа раскажа една приказна.

-Засекогаш ќе ги паметам двете Нови години кога случајно и со Надица и со Марија бев бремена. Едната беше во Милано, другата во нашето кафе „Деветка“. И, иако нели не смееш многу да скокаш и да бидеш немирна, јас и на двете забави се се изнаиграв, а Дарко ме караше и ми велеше да не претерувам.

Дарко и јас веќе 19 години си функционираме на еден нормален, човечки начин како да не сме луѓе од јавниот живот. Едноставноста е таа што си ја сакаме помеѓу нас.

Активна сум со музиката и тоа секојдневно, затоа што веќе пет години сум дел од хорот на МОБ. Ја промовирав мојата нова песна “Време” ,но сигурна сум дека ќе има уште многу песни од мене. И секако, тука се и живите свирки кој ми се мелем за душичката“, рече таа во истото интервју.

Постарата ќерка на Панчеви Надица е студент по Германски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје. „Секако дека сме среќни за нејзиниот успех, а посебно ни е драго што веќе поодамна самата си знае дека трудот што го вложува носи добри и сигурни резултати“, рече Маја за неа.

Помалата Марија е вистинска убавица и веќе се остварува во професијата модел. Имено таа е дел од модното студио „Моделс Ин“. Фотографиите на нејзиниот профил на Инстаграм се доказ за нејзиниот талент и природна убавина.

Токму Марија вчера објавила една интересна слика од својата убава мајка, и не случајно вчера. Имено. Маја на 25 наполни 48 години, кои никој не би ѝ ги дал, затоашто изгледа како девојче.

Кој би рекол дека Маја е мајка на две големи ќерки, но и Дарко кој поради својот спортски дух изгледа доста помладо од своите 55 години.

Марија ја објави сликата на која Маја ги дува роденденските свеќички, која потоа и Маја ја сподели на својот профил. Нека е со среќа!

Марија за својата мајка напиша: Најсреќен за најсаканата личност!

Претходна статијаВодителот Ване Маркоски се имунизираше: За побрзо на гушкања (ФОТО)
Следна статијаМики Црнокрак го откри своето вистинско име и прослави роденден на егзотична дестинација (ФОТО)