Андријана Јаневска објасни зошто за неа Ѓурѓовден е посебен ден

0

Андријана јаневска неодамна, веројатно погодена од некои коментари на социјалните мрежи, реши да подобјасни низ што сè мора да помине еден музичар пред да стане професионалец:

„Според коментарите на социјалните мрежи, имам впечаток дека малку се знае за патот по кој еден класичен музичар чекори додека да созрее во професионален уметник. Ќе се обидам накратко да објаснам:

Еден професионален музичар вообичаено од 6 години посетува музичко училиште. Учи солфеж (нотно описменување) и инструмент паралелно со основното училиште. Вежба секој ден затоа што како во спортот, така и во музиката мора да постои континуирано вежбање.

Родителите треба да купат инструмент, кој подоцна треба да се замени со поскап и подобар. Секоја година детето се оценува од стручна комисија и полага завршен испит.

Во меѓувреме почнува со првите јавни настапи и концерти и учествува на државни и меѓународни натпревари. Потоа продолжува во средно училиште каде вежба по неколку часа на ден бидејќи материјалот е многу потежок.

На училиште се седи од утро до вечер, а се вежба каде ќе се најде слободно место. Концертите и натпреварите се почести. На факултет музичарот веќе почнува да се оформува и во буквална смисла на зборот мора да се предаде на професијата и да жртвува многу за да биде успешен.

Околу психолошкиот притисок (да не се погреши ниту една нота, бидејќи отиде делото) да се издржат сите тие настапи и концерти не сакам ни да зборувам, бидејќи во класичната музика едноставно нема простор за импровизации.

За цел овој период се посетуваат мастер класи, работилници и семинари. Зборувам значи за долг период од мноооогу години и тоа трае цел живот, бидејќи не смее да помине ниту еден ден без вежбање.

Да сумирам: за да се отсвири еден концерт за пијано и оркестар, да се отпее главна улога во опера од 4 саати или да се издиригира дело за хор или оркестар, треба долги години вежбање, многу скинати жици и нерви, многу пропуштени празници со семејството.

Уметноста не е работа од денес за утре. Му текнало некому на 30 години дека сака да е музичар, па ај ќе стане. Секако дека има и исклучоци, но генералната слика е оваа, а бидејќи сум спортски тип со сигурност знам дека и кај професионалните спортисти е слично. Затоа, се згрозувам кога кој било ќе се дрзне да каже погрден збор кон професионален музичар или спортист.“

Андријана го објасни празнувањето на Ѓурѓовден, и зошто овој ден е важен за неа и за нејзиното семејство: Ѓурѓовден, како еден од позначајните пролетни празници во народниот календар на Македонците, но и на етничките заедници кои живеат во границите на Република Македонија, се слави на 6 мај според грегоријанскиот календар.

Самиот назив – Ѓурѓовден, етимолошки се поврзува со празникот посветен на христијанскиот светец и великомаченик Георгиј (Ѓорѓи) Победоносец, кој живеел кон крајот на III век и на почетокот на IV век, а кој маченички настрадал во 303 година.

Овој празник претставува почеток на летната половина од годината, додека крајот на летната и почетокот на зимската половина од годината календарски се совпаѓа со Митровден (8 ноември).

Меѓу првите записи на македонски етнографско-фолклористички материјали поврзани со празнувањето на Ѓурѓовден, биле записите на браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Васил Икономов, Панајот Гиновски и други.

Празнувањето на Ѓурѓовден во многу средини започнува уште претходниот ден попладнето кога се берат зелени гранчиња од разни дрвја (врба, топола, леска, дрен, даб, бука и др.), со кои се кителе вратите и прозорците на куќите, како и плевните и шталите.

Берењето билки (одење на билје) било проследено со посебни обредни песни што се пееле кога се одело по пат, како и при самото берење: “Кинисале ми двесте девојки”, “Ајде на бијле, билје да береме”, “Сама Мара билки берит”, “Да си китен зелена”. Обредниот фолклор е застапен и при лулањето на лулашка што се врзувала на некое раззеленето дрво, обичај што вообичаено го практикувале младите.

Во песните кои се пееле при нишање на нишалка, доминира љубовната тематика: “Чија лелка на нишалка”, “Мори леле, Ѓурѓе моме”, “Мома се љуља, момче гу гледа” и други.

Како ден-меѓник, овој празник е мошне важен за сточарските заедници. Се вршат обичаи со обредно закрмување и замолзување на добитокот, првенствено на овците. Се ко-ле и јагне.

Спроти Ѓурѓовден, како и на самиот празник, масовно се посетуваат разни култни камења и извори, вообичаено од некаква мака (болни, бездетни).

Многу семејства, меѓу кои и моето, токму Ѓурѓовден го земаат за семејна (куќна) слава. Исто така, оние кои го носат името Георги, Ѓорѓи, Ѓорѓе, Ѓуро, Ѓурѓа и сл., Ѓурѓовден го слават како именден. За многу години!

Фото: Фејсбук принтскрин, Јутјуб принтскрин

Претходна статијаКратки сукњичиња носење НЕ – Матеа раскажа како е да се живее во една од најпосакуваните држави за Балканците
Следна статијаТурунџиева: Она што најмногу боли и повредува се “љубовните трошки”