Доста ми е од негативности и критики: Познатата пејачка реши да се смени од корен

0

Пејачката Нина Јанева е ангажирана во емисијата Опуштео на Тони Михајловски како пејачка првата емисија, а таа му беше гостинка на Тони во првата емисија.

Тони ја праша Нина која е нејзината примарна професија, на што таа одговори: Имам CV од некои 10-11 страни, имам повеќе работни места и повеќе правци работено во животот.

Човечки ресурси, организација на настани, протокол, маркетинг, ПР, продажба и така натака. „О, кај нас комерцијалистите премиери стануваат. Далеку ќе дотуркаш ти“, ѝ одговори Тони.

– Мене детскиот сон ми беше да бидам првата жена Претседател на Република Македонија. Не е доцна, и тоа после 40, јас имам 34 ипол“, рече Нина Јанева.

Таа додаде дека сепак би се занимавала само со музика, а потоа рече дека на нејзината ќерка Арија би ѝ дозволила да се занимава со музика, но само надвор од Македонија.

– Сите музичари кои имаат завршено Академија ќе се сложат дека она што најмногу го љубиш, и она што треба да излезе од таа љубов што ја носиш во себе према таа струка, ти се смрачува и смачува кога ќе видиш дека треба да се мачиш за да го извадиш тоа, и да пројде некако така.

Затоа што кафаните и турбо-фолкот си го направија своето. Мене ми е јасно дека ние сме нација, Балканците се нација којашто си сака таква весељачка атмосфера каде што јас како музичар не сум се пронашла да го изведувам тоа.

Сакам да слушам пејач што пее народно како пее народно. Не можам јас да пеам хеви метал или народно кога едноставно не се пронаоѓам во тоа.

Во моментот сум во некоја пауза од музиката, да се посветам на домашното. На Арија, на Александар, на моите, на неговите“, рече пејачката и раскажа кое е најчудното и најнезгодното место на кое настапувала.

– Беше тоа некоја свадба во некој ресторан скопски, и цел ден ми беше лош од сосема една приватна друга работа, и почнуваме ние, народен бенд, забавен бенд, се знае како одат народно и забавно на една свадба.

И мислам дека беше некој роднина од страна на невестата, дојде до бината, застана.

Ние свиревме некоја поп-рок песна. Почна да вика, да се дере нешто. Јас не го слушнав од музиката, и се наведнувам да го слушнам што вика, ама нервозен, напнат. „Ѓав-оли, дем-они“.

Ништо не ни беше јасно, ама кога заврши сето тоа, дојде некој и ни кажа дека е постар човек, и оваа музика за него била агр -есивна и прегласна“, раскажа Нина.

Пејачката сега открила дека сака сосема да го смени својот изглед и на тоа работи со полна пареа. Да ослабе, да ја смени бојата на косата и да направи еден куп третмани.

-Почна да ми пречи негативноста која започнав да ја чувствувам во себе, како од сите страни да имам впиено отрови кои и тоа како се одразуваат на моето расположение. Тогаш одлучив дека јас превземам контрола врз мојот живот пред да ме совлада летаргија и мрза“, изјавила Нина за Женски магазин.

Решив еден ден дека е доволно од негативности, критики и сакрказам и дека можеби, еве само МОЖЕБИ мојата мотивација ќе ја пренесам и некому ќе му помогнам или барем ќе му го разубавам денот со малку позитивни постови и еден тон посветеност и мотивација за успех.

Кај себе веќе започнав со намалување на телесна тежина и процесот на здраво тело и детоксификација започна“, додала пејачката.

Јанева изјави дека својот главен недостаток кој сака да го смени е телесната фигура, но објасни и зошто е тоа така:

-Па, тука се јавува и уште една изрека особено откако ќе станеш родител и ја носиш одговорноста за сопственото здравје. Засега немам никакви здравствени ниту хронични проблеми, но и нема потреба да дојде до нив нели?“

Фото: Фејсбук принтскрин, Јујтуб принтскрин

Претходна статијаАеродром ТАВ Скопје со добра вест: Воведен лет кој многумина го посакуваа и очекуваа
Следна статијаВлатко Миладиновски, внукот на Војо Стојановски се пресели на село, таму прележа вирус, но го дочека голема радост