Ова е исповед на млада мајка која пред неполни 4 години се развела од својот сопруг и преживеала многу неправдини. Таа се соочила со непријатно искуство, да стапи во брак со човек, кој во научната литература се нарекува „нарцисист“, термин различен од „нарцис“ и помалку познат на нашиве простори.
Нарцисистите се меѓу нас, живеат, работат, се дружат и основаат семејства како и другите нормални луѓе, но се разликуваат од останатите по тоа што немаат способност за емпатија, а емоциите научуваат да ги одглумат, имитирајќи ги на оние околу нив.
Нарцисистите вообичаено се врзуваат со некоја емотивна личност, наивна и искрена. Во почетокот се шармантни и љубезни и сè ќе направат за да го придобијат вниманието и довербата на тар-гетираното лице.
Откако ќе се осигураат дека ја постигнале целта, започнуваат полека да го откриваат своето вистинско лице.
Но, пред да го направат тоа, нарциситите го клеве-тат својот партнер пред јавноста и го прикажуваат во најлошо светло, а себеси се претставуваат како жрт-ва. Тие сакаат да си играат „топло-ладно“ и секогаш да бидат во центарот на вниманието.
Кога нивната жр-ва ќе посака да си замине, нарцисистот ќе направи сè, ќе ветува сè, само за да се врати на почетокот како што било претходно.
Во меѓувреме на својата жр-тва ќе и ги скрати финансиите и врските со пријателите и роднините колку што е можно повеќе. Само за да биде негова своина.
Вакво искуство со нарцисист имала младата мајка која ни се обрати и која сакаше преку нашиот медиум да пренесе порака до другите жени.
Таа раскажа дека нејзината врска со овој маж-нарцисист на почетокот била сосем нормална, како и секоја друга врска. Го сакала и верувала дека и тој ја сака, но тоа траело сè до свадбата.
„После свадбата и мојата бременост настана немир, тој се промени целосно, премногу пи-еше и ме држеше како ро-бинка цели 5 години со мал-третирање и за-кана дека ако си одам децата ќе ми ги одземе затоа што имал врски и јаки луѓе..“, раскажа жената. Меѓутоа, неминовниот крај дошол, но со разводот не завршиле и проблемите кај ова семејство.
„Но, немав веќе сила да останам таму, бев изнемо-штена и си заминав. На суд го добив старателството,но тоа не беше среќен крај, тој на мене ми нафрли срам дека бракот ни прекинал заради мое невер-ство со други мажи што беше неосновано.
Јас од дома немав излезено, цело време бев со двете мои малечки. На суд го добив старателството, но тоа не беше среќен крај. Имавме подеднакви видувања со децата, а тој влијаеше многу лошо на нивниот психофизички развој.
Трчав од врата на врата секој ден се жалев и се чудев зошто не реагираат кога се работи за деца, но на крај дознав дека тој ги пот-купил или имал некој близок таму.
Пот-купувањата за повеќе да ги гледа децата беа само за да ме нервира мене и да покаже пред неговите пријатели дека е грижлив и вистински татко жалејќи се со фб статуси, односно дека тој е насамарен од моја страна, баш така изгледаше.
Иако не водеше никаква грижа за нив и ги користеше како ору-жје против мене, ниту пак плаќаше издршка. Немавме никаква заштита ни од поли-цијата иако добивав за-кани, у-цени и вре-ѓање секојдневно од него.
Но, не оставив, продолжив, за на крај да се обраќам до повисоките институции повеќе пати со докази во главниот град каде работата си ја вршеа перфектно, и најпосле се забранија видувањата.
Со помош на Бог, сега работите одат кон подобро. Сега поголемата посетува психолог и е подобро и сите три сме среќни. Го направив најдоброто за моите деца и сум среќна бидејќи ги заштитив.
Сакам да испратам важна порака до сите жени, да не трпат психо-физички насил-ства од пси-хо-патите и да бидат силни до крај. Правдината кога тогаш ќе излезе на виделина!
Автор: Р.С
Обработи: И.П. Фото: Илустрација
Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама