Снеже Велков е позната водителка, но и пилатес инструкторка, а во последно време нејзините мисли и пораки на Инстаграм се инспирација за многумина.
Снеже на социјалните мрежи исто така ги покажува вежбите со кои ја одржува совршенета линија.
Познатата водителка и новинарка Снеже велков, неодамна во емисијата „Опуштено со Тони“ кај Тони Михајовски, зборуваше за тоа како последнава година редовно, секое утро вози велосипед, а клупите во паркот ги користи како реквизит за вежбање.
-Во 2020 година откако ни се случи тоа што ни името не сакам да го спомнам, ако го спомнам мислам дека се повеќе ќе расте, морав да најдам некаков начин за да можам да се издувам. Беа затворени теретаните, беа затворени салите каде што држев часови, се беше затворено.
Најдов начин на кој јас прво сопственото чувство ќе си го задоволам, а од друга страна ќе ги иснпирирам сите останати“, раскажа Снеже. „Можеш да вежбаш кај посакаш. Можам да вежбам на клупа, можам на вежбам на сред Плоштад, можам да вежбам на фонтана.
Мене многу ми се свиѓа платото пред Опера и балет, има и клупи има и платформа“, рече Снеже, а Тони додаде дека тој плоштад е на повеќе нивоа и може паркур да се прави.
-Дури и го правам тоа намерно. Сите ми велат: Дали си ти луда. Да? На почетокот беше дали си ти луда? Дали си ти нормална? Потоа им стана нормално и добивав и поддршка и лајкови“, рече Снеже чиј хаштаг е „Блескај“.
Таа најави дека со емисијата „Вип на еден ден“, прави пауза од ТВ поради новонастанатата состојба, затоа што луѓето на коишто им помагаше се со нежно здравје.
Потоа Снеже зборуваше за своето семејство, дека не сака јавно да го експонира и сака интимата да си ја зачува за себе.
Дента кога емисијата се снимала, нејзиот сопруг Дарко славел роденден.
-Никогаш не сум му се обратила јавно, и никогаш не сум му заблагодарила јавно. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на мојот сопруг, којшто 15 години е со мене, и ги трпи сите мои падови, сите мои еуфорични испади.
Сакам да му се заблагодарам затоа што заеднички растевме, сакам да му се заблагодарам затоа што имавме многу конструктивни расправии при коишто станавме и поголеми, и поразбрани, и многу покреативни.
А, најмногу од се сакам да му се заблагодарам затоа што ги имаме двајцата прекрасни синови, Ален и Дарин, и се надевам дека ќе си продолжиме уште три пати по 15 години, ако се малце и понатаму, среќен ти роденден“, рече Снеже. Додека зборуваше, ја совладаа емоции очите ѝ се насолзија.
Уште еден статус на Инста, наиша таа , и во него искрено ги опишува нејзините чувства за време на оваа пандемија во кои можат многу луѓе да се пронајдат.
Често се смеаам. Понекогаш и не. И ме фаќа и мрза. И тешко ми е некои денови.
Има и ноќи кога не спијам.
Има денови кога немам идеја ни што со себе ни што за ручек. Имам денови кога ми се вришти и плаче.
Понекогаш ме боли и глава и стомак а понекогаш “ме боли и уво”. Има саати кога само би правела-Ништо.
Има денови кога сум му лута на целиот свет па и на себе. Има денови кога и сонцето и дождот и ветерот ми се криви. Понекогаш исправам и “Криви Дрини”
Има денови кога сонцето со рака чинам ќе го допрам а има денови кога од под “трошки” собирам.
Има денови кога светот го освојувам и денови кога во глувчешка дупка се сокривам. Имам денови кога “зборот алтан ми вреди” а има денови кога не знам да бекнам. Има денови кога карпа од шега поместувам а понекогаш на камче се сопнувам.
Имам безвезни денови кој не знам ни зошто почнуваат а има денови кои никогаш не сакам да завршат.
Има денови кога сум скроз нетокму. Има и денови кога сум баш токму. Има денови и денови..и часови и секунди.
Но и еден миг како овој за да ти намигнам и да речам:
-Ич да не му ја мислиш се’ од погоре е нормално?
И за Мене И за Тебе
Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин