Вода во очи немаме, ниту вода ќе има да нѐ исплакне: Професорката Алескиќ раскажа вистинска приказна

0

Татајана Алексиќ е професорка по македонски јазик која ѝ е позната и на јавноста по нејзините чести гостувања на ТВ, но и како колумнист.

Алексиќ е убава и негувана жена, секогаш елегантна и средена. Овој впечаток на јавноста ѝ го остави и додека беше дел од еден Тв проект како водителка.

Татјана на својот Фејсбук профил даде свое мислење за измените во образванието, за кратење на некои предмети кои ги најави Владата, но и за тоа како треба да се сака Македонија.

Многу следбеници на Фејсбук го поддржаа нејзиното мислење. Ова е статусот на професорката кој го пренесуваме во целост.

– Колективната свест има тенденција да одржува сеќавања. Различни национални однесувања варираат според различната колективна свест и освестеност на одредена нација, поврзана со уредувањето на системот но и со ДОБРИНАТА на поединецот.

Добро би било добро да се осветиме за општо добро, дека една космички грандиозна суштина на битисувањето, каква што е националната историја, не може да се менува. Невозможно е бришење на колективна свест и меморија!

Македонецот е добар човек, има многу добрини во колективната меморија на македонскиот народ, добрини и кога лошо се однесувале кон него.

Деминутивите од Македонец се резултат на вековно акумулиран гнев поради трагичната историја и сопствена немоќ да си ја видиме големината.

Аугментативите од Македонец, величааат општа именка, но конкретно, големите Македоничишта во одреден историски момент делувале, дејствувале и правеле добрини за својата татковина, без да се самовеличаат и креваат прашина (освен гемиџиите, кои кревале прашина кревајќи во воздух странски објекти, за да ѝ го свртат вниманието на Европа).

Кратењето наставни содржини, па нека се во име на најсовршени реформи, особено кога се работи за предмет кој е хронолошки прецизен и потпрен на датуми, е препотентност, а всушност немоќ, импо тентност да се сфати големината на сопствената историја.

Ако нешто, временски потврдено, се избрише од учебниците по историја, ќе изникне од други учебници, од литературата, од спомениците, од кулите и камењата допрени од учителката на сите науки – историјата.

Да ја оставиме на раат историјата да си хроникува, не чепкаме туѓа, не даваме да нѐ чепнат, а за чепнатото од минатото ќе се сеќаваме…“, изјави неодамна меѓудругото професорката. Таа објави уште еден статус со силна порака:

-ВОДА! Вода во очи немаме, ниту вода ќе има да нѐ исплакне… Се навлековме на вештачки солзи и флаширани води во пластика, пуштени низводно да бербатат. Природни извори затнуваме, вештачки капалишта никнуваме.

Со извештачена умисла чешми и бунари уриваме, градиме фонтани гн аса да ни красат. Суво злато за вода ќе се продава, додека ние си го распродаваме нашето изворно, проsирно, чисто и питко злато… Македонската бистра вода и бистриот ум калливи талози и мисли ја матат. Проsирни се матните интереси, вода ќе нема грев ови да исплакне!“

Фото: Фејсбук опринтскрин

Претходна статијаТрифун Костовски до Шилегов: Петре, не ги гибај галиите
Следна статијаД-р Жан Митрев: Вакви клинички слики досега немавме видено