Изјавата на американската актерка Елизабет Олсен во една емисија предизвика многу реакции во Србија.
Сега во оваа пригода зборуваше и Даниела Димитровска, поранешната манекенка со македонско потекло, сопруга на водителот Огњен Амиџиќ.
Да се потсетиме, актерката како гостинка во ТВ форматот „Денес“ откри дека била во Србија и упати навредлива реченица дека никој никогаш не би требало да ја посети оваа земја.
– Србите немаат манири, тие зборуваат нон-стоп. Тоа е многу интересно место. Снимавме таму шест дена во неделата и имавме само еден слободен ден.
Особено е интересно што таму ништо не е нивно, бидејќи земјата е создадена пред само 13 години, тие се комбинација на сите оние што управувале пред нивната земја – рече Елизабет во споменатото шоу.
Зборовите на Олсен, меѓу другото, ѝ пречеа на поранешната манекенка и сопруга на водителот Огњен Амиџиќ.
– Обично не го искажувам моето мислење на социјалните мрежи, иако сметам дека секој има право на тоа, но овој пат решив да го споделам мојот став со вас.
Изненадена сум од фактот дека една млада личност не е доволно образована и информирана, а сепак, од друга страна, таа е многу горда на тоа.
Да не зборуваме за етиката на водителите кои треба да останат неутрални во однос на коментарите од овој тип, кои, меѓу другото, не се во согласност со форматот што тие го водат.
Секој има право да сака некого или нешто повеќе или помалку, но не ги разбирам исмејувачките и навредливи коментари за ништо.
Ова го издвојувам само за да ви објаснам зошто не треба да коментирате за што не знаете доволно.
Ако не мора да кажете ништо убаво за нешто, тогаш подобро е да не зборувате ништо, бидејќи, во спротивно, зборувате само за себе – рече Даниела.
Јас се спротивставувам на ди -скримин ато рскиот говор, во секој случај. Чисто да напоменам, 15 години патував низ светот и немав лошо искуство.
Најважно е да ги сакате своите и да ги почитувате другите – додаде Димитровска.
– Не е важно кога е објавено ова интервју. Важно е да шириме љубов, а не говор од ваков тип во 21 век – заклучи сопругата на Огњен Амиџиќ.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принтскрин