Јордан Митев раскажа како ја ќарил сопругата од Австралија и зошто добил забрана да пее во Грција

0

Јордан Митев рече дека никогаш немал дилема што ќе стане отако ќе заврши училиште, тој знаел дека ќе стане музичар.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Јас завршив во село Подареш, тоа е моето родно село, радовишко село, прилично големо место, тоа е над 500 куќи, живо е ,активно.

Јас и денес се одморам таму, ја црпам мојата енергија. Таму завршив основно, а паралелно патував два пати неделно во Радовиш да учам и музика. Потоа, се запишав во средното музичко училиште во Штип, рече Митев во емисијата „Магазин“.

Тој магистирал оркестрација кај познатиот професор Живоин Глишиќ во Скопје. Митев зборуваше за сите семинари насекаде низ светот каде што одел како претставик на македонскиот фоклор и дека 15 години е веќе во естрадата.

Фото: Јутјуб принтскрин

За познатиот музичар Драган Даутовски коиј му бил професор, тој рече дека му бил како татко и имале прекрасен и пријателски однос.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Би издвоил еден настап кој што беше во 2015 кај нашиот јужен сосед, тоа беше еден голем настан, поради тој мој настап јас имав и забрана за влез во Грција.

Но, тоа беше така еден доста еурофичен настап, кај што беа присутни доста луѓе, кај што се пееше македонска песна. И сега кога ќе се сетам на тоа се ежам“, рече пејачот.

Тој призна дека поради тоаа еуфорична атмосфера со македонската песна, на него му било забрането да влегува во Грција, и раскажа дека имал убави настапи и низ Австралија и Европа и секаде каде што живеат нашинци.

Потоа, се пушти емотивната песна Татко, за која Митев рече дека е направена според вистинска случка, а тој ја напишал и го режирал спотот.

-Еден нашинец од Италија ми се јави некаде пред Нова година во не добро расположение и ме замоли да напишам песна којашто ќе биде посветена на татко му, бидејќи тој поради одредени причини не бил присутен на неговиот последен поздрав.

Фото: Јутјуб принтскрин

Мене ме погоди таа приказна. Ова е наменска песна но верувам дека многу луѓе ќе се пронајдат во истата. Се надевам ќе остане и ќе се пее понатаму“, раскажа музичарот.

Јордан рече и дека песната „Жена за сто години“ е посветена на неговата сопруга Славица Митревска, со која е четири години во брак и раскажа како се запознале.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Се запознавме во Австралија, мојата сопруга е родена таму, таму има живеено. Ете, така некако се споија работите да биде што биде и излезе да живееме овде.

Во Австралија одиме прилично ретко“, рече Јордан па потоа се пошегува:

-Ваков човек како мене, лесно е да освои. Јас една година однапред бев закажан и така ете ги редевме работиме кога јас одев во Австралија професионално, да биде и приватно гостување.

Сега е малку отежнато одењето во Австралија, но генерално сме овде, овде живееме, овде функционираме.“, рече познатиот пејач познат по веселата атмосфера што ја прави секаде каде што ќе настапи.

Потоа, водителката Јелена го праша дали е романтичен, а пејачот одговори: Што пишувам љубовни песни, и мислам дека сум солиден. Мислам дека тоа сопругата треба да го каже“, откри пејачот.

Фото: Јутјуб принтскрин, Фејсбук принтскрин

Претходна статијаПаднав во дупка, ме однесоа во болница, се разбудив во солзи: Драган Којиќ- Кеба искрен како никогаш досега
Следна статијаСветлана Бојковиќ беше против овој политичар, а сега глуми негов симпатизер