Маријана ја раскажа вистинската слика за тоа како се живее во Австралија денес

0

Повеќе од 30 години, во Австралија живее Маријана Новачевска, сестрата близначка на Росана Сариќ- Тодоровска.

Таа неодамна објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години, но објави и слики како млад стилист го сменил нејзиниот имиџ кој сите го пофалија.

Маријана е медицинска сестра на Стоматологија, и ужива во својата работа. Таа откако е во Австралија не е музички активна, но направи исклучок за својата сакана сестра Росана.

Кога Росана, во 2019 година на фестивалот „Макфест“ реши да ѝ се врати на музиката, Маријана ги испеа придружните вокали. Исто така, Маријана во песната која се вика „Спомени“ и има симболичен наслов, е дел од спотот.

Токму на Велигден минатата година, Маријана стана баба. Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.

Маријана има и ќерка која се вика Магдалена и во една прилика емотивно ѝ го честиташе роденденот.

– Моја драга Меги, мое сонце, мое се, среќен роденден. Ти си прекрасен благослов, специјална среќа, моја љубов и моја гордост.

Кога и да почувствуваш дека животот е нефер само запамети дека мама и твојата фамилија секогаш ќе се грижат за тебе.

Покрај другото, фала што ја направи мама помлада на овие фотографии“, напиша Маријана за својата ќерка.

Маријана пред крајот на минатата година, зборуваше за своето секојдневие во Женски магазин.

– Причината за тоа е што не можам да ги прославам опкружена со моите најмили, кои живеат во Македонија. А и искушенијата во животот, со кои верувам сите на овој свет на кој било кој начин се соочуваме.

Пoсветена сум на моите деца, кои не се обврзани дa бидат со својата мајка за дочекот на Нова година или за прославата на Божик. Ја имаат таа слобода сами да решаваат каде и со кого да бидат во одредени денови во годината – откри Маријана и дополни:

Нова година и Божик ќе ги дочекам таму каде што сум најпотребна. А тоа е на работното место, во болница со моите пациенти од стоматолошкото одделение, во улога на медицинска сестра.

Чувството да помогнам некому кога му е најпотребно, комплетно ме исполнува.

– Сега почнавме да се запознаваме со внуката. Поради пандемијата со корона вирусот, за жал не бевме во можност да се дружиме.

 

Ева е весело бебе, многу се смее и сака да јаде. Таа и две годишното внуче Ноах на сестра ми Росана , се нашата најголема радост.

Двете уживаме во улогата на баби“, изјави Маријана. Неодамна, таа објави лут статус поради катантинот кој повторно се воведе во Мелбурн.

-Заклучување во Мелбурн повторно пет дена …Сонував дека во 2022 година нè нападна некој стомачен вирус, седиме во пелени и се сеќаваме дека ни беше подобро со маските“, напиша Маријана.

Таа е добра пријателка со Татјана Лазаревска, и често објавуваат заеднички слики од плажа, од семејни прослави, од прошетки и од шопинг.

Маријана беше гостинка на јубилејниот, 50 роденден на Новица Василевски, сопругот на Татјана неодамна во Мелбурн.

Откако животот во Австралија се враќа во нормала и мерките попуштаат, Маријана на Фејсбук ја објави вистинската слика за тоа како живее народот таму.

– Мелбурн денеска. Топло време, топол Велигден.

Прошетка, околу нас луѓе со насмевки на лицата, дечињата врескаат и трчкараат, јас и Тањце моја/Татјана Лазаревска се изнамуабетивме те вака, те така, црц, мрц, без маски дишевме и шетавме….

Ете, ви дадов еден мал репорт со желби за подобро утре, да сте ми живи и здрави сите.. Чувајте ми се луѓе мои“, напиша Маријана.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаВодителката откри лична приказна: Ме зедоа како на филм, двајца мажи со палта и капи – Сузана Манчиќ, дојди со нас
Следна статијаПравда за Лидија, фановите на Цеца лути поради сестра ѝ