Не плачи Филипче, Стево ти е љубоморен дека си успешен… (ФОТО)

0

Претседателот Стево Пендаровски призна дека земјава потфрли во обезбедувањето здравствена заштита на населението.

Тој по состанокот на Советот за безбедност на кој се расправата за здравствената состојба во земјава, рече дека добил информација од министерот за здравство Венко Филипче дека имунизацијата ќе започне утре.

Сепак, додава дека тоа што се случи изминативе денови кога наши граѓани одеа во Србија за вакцинирање е одраз на голем револт од граѓаните и голем срам за нас, објави ТВ 21.

„Верувам дека го пренесувам чувството на огромното мнозинство македонски граѓани кои се незадоволни од она што на тој план го направивме досега. Сликите кои ги гледавме изминатиот викенд во соседна Србија тоа најдобро го илустрира.

Такви слики едноставно не смеат да се повторат. Благодарност за Србија, се разбира, но тоа беше срам за државата наша. Едноставно државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука“, истакна Стево Пендаровски.

На оваа изјава на Пендаровски, на својот Фејсбук профил се огласи Венко Филипче.

– Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја.

Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки.

За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана“, рече тој. Потоа, Пендаровски возврати:

-Во целост се согласувам со изјавата на министерот Филипче дека сликите од Србија изминатиот викенд се израз на солидарност, но, тоа е солидарност која државата Србија ја покажа кон десетина илјади наши граѓани.

Меѓутоа, тешко дека тие слики на наши граѓани кои бараат здравствена заштита во странство, откако не ја добија во сопствената земја, се за фалење.

Во однос на процесот на набавка на вакцини, крајно сум зачуден што министерот Филипче свесно не го споменува фактот дека првичните контакти со најголемите фармацевтски компании, кон крајот на декември мината година се направени преку мојот Кабинет и од тогаш до денес како претседател сум активно вклучен преку дипломатските канали во процесот за набавка на вакцините, што инаку е примарна надлежност токму на министерот за здравство.

Ина Многуфина, со статус на Фејсбук ја искоментира оваа преписка:

– Ама не се карајте сеа вака ајде па вие сте другарчиња. Не плачи Филипче, не го мисли он тоа, љубоморен ти е дека си успешен, ајде оди сврти едно кругче со моторчето…ајде глупости сеа ќе се карате, види до сеа што убаво беше со цените во приватните ги оќоревте со пари, ајде не плачи, не мора сеа да ги спуштате готово, се шали он се шали, ајде еее, бидна.

За другата пандемија ќе знаеме подобро, никој не се родил учен. Не плачи пиле ајде оди види шо ќе кажеш зашо не се вакцинираш утре, ти вадат муабет дека си веќе вакциниран ама не си чул од мене молим те меѓу нас ова…ајде не се карајте се вртат луѓе одоколу, ајде другарчиња сте пиле ајде.

Фото: Фејсбук принтскрин, Јуткуб принтскрин

Претходна статијаИгор Џамбазов одговори на обвинувањата дека не вратил кредит на Еуростандард – откри за колку пари станува збор
Следна статијаВасил Хаџиманов се огласи лут по коментарите за татко му: Ќе ве најдам и ќе ве научам на памет