Вирусот денес однесе уште еден голем уметник. Зафир Хаџиманов, филмски актер, пејач и композитор, си замина од овој свет на 77 годишна возраст.
Зафир беше многу почитуван поет и текстописец. Има напишано многу шансони и балади базирани на стиховите на српските и македонските поети. Се бореше за зачувување и популаризација на старите македонски народни песни.
Тој исто така компонираше музика за театар, филм и ТВ серии и емисии. Долги години беше во брак со пејачката Сенка Велетанлиќ, а нивниот син Васил исто така успешно се занимава со музика.
Настапувал на сцени ширум светот, на Бољшој театарот, Олимпија Во Париз… Паралелно со неговото сценско и музичко дело, Зафир Хаџиманов пишува и објавуваше поезија на српски и македонски јазик.
Тој беше автор на текстовите, стиховите и музиката на првиот македонски мјузикл „Здраво будење“. Владата на Македонија му додели титула амбасадор на културата на Република Македонија во Република Србија.
Зафир Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци. Средно училиште и музичко училиште завршил во Скопје, каде започнал да пишува музика и да игра во театар.
Во 1967 година дипломирал глума на ФДУ во Белград. Паралелно со студиите, тој настапувал како пејач на популарна музика и ги има снимено своите први две плочи, на кои е автор и на текстовите.
Неговото заминување го растажи целиот регион. Хаџиманов нè напушти само неколку недели по Ѓорѓе Балашевиќ, кој исто така си замина како резултат на вирусoт.
Кога во февруари пристигна веста за заминувањето на Ѓоле, Зафир се прости од него со многу потресни зборови.
– Секоја земја, секоја нација би сонувала да има такви луѓе како Балашевиќ. Тој е извонредно чудо на природата што можеше да ја направи најубавата хроника на нашите денови. На најубав можен начин – духовито и лековито пеење.
Страшно многу го сакав. Неговата ќерка Јована беше моја ќерка во претставата „Виолинист на покрив“ во Српскиот народен театар во Нови Сад, а нејзиниот татко дојде да ја види и тоа беа нашите средби.
Бевме и на турнеја заедно. Не можам да кажам ништо друго освен дека Балашевиќ беше едно од неопходните суштества на сцената во музиката и поезијата.
Да не беше тој, сите ќе бевме посиромашни. Зад себе остави богатство, десетици прекрасни шансони што ќе значат многу за сите нас – изјави тогаш Хаџиманов за Данас.
Негвоиот син Васил е познат џез музичар, кој често има настапувано во Македонија, со својот состав, но и со неговата тетка, Бисера Валетаниќ, сестрана на Сенка.
Има една постара анегдота која српските медиуми ја имаат објавено, а поврзана со Зафир и со неговиот син, за тоа на кој начин Зафир го испраќал Васил на неговите турнеи низ регионот.
– Васил, по еден негов настап во Словенија се нашол со старо друштво од таму. Се немале видено долго време, и малку заглавиле таа вечер по концертот во Љубљана. Васил и екипата биле по ресторани и по клубови речиси цела вечер, а утредента рано требале да тргнат за Белград.
Ненаспан но во добро расположение, Васил тргнал за Белград без своите клавијатури кои си ги заборавил во хотелот каде што бил сместен. Дури некаде на половина пат, кога веќе биле во Хрватска, се сетил дека тргнал без клавијатурите.
Среќа е што Бајага набрзо имал концерт во Љубљана, па Васил го замоилил да му го донесе инструментот од хотелот каде што му го чувале. Васил му раскажал на својот татко за оваа случка, па Зафир потоа пред да оди на пат, на концерт или на турнеја го испраќал со истите зборови:
– Василе, памет во глава, немој пак да ги заборавиш клавијатурите“, раскажа извор за српските медиуми.
Зафир беше многу горд на својот син кој го носи името на неговиот татко, но и на внуката Марта, ќерката на Васил.
Марта е трета генерација на музичари во ова семејство. Таа е успешна оперска пејачка.
Фото: Јутјуб принтскрин, Инстаграм принтскрин