Наталија Грубовиќ јавноста ја засака под прекарот Натали, кој всушност дојде од Игор Џамбазов, во времето кога заедно водеа Бинго.
Цела Македонија го повторуваше она легендарното „Натали, Дај му на човекот“, што Џамбазов го кажуваше на мошне симпатичен начин.
Натали Грубовиќ важеше за една од најубавите македонки, ангажирана на многу модни ревии и кампањи.
Во последните неколку години се помалку може да се сретне во јавноста или да се прочита нешто за неa.
„Јавноста ме знае како бинго девојка, како лото девојка, а малкумина знаат дека јас сум дипломиран филолог по англиски јазик.
Во меѓувреме завршив Бизнис академија, Кембриџ бизнис студии во Белград, ги завршив постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје“, рече Натали во емисијата „Живот со стил“ со Елена Стефановска.
Пред пет години, Натали се омажи во соседна Србија каде што имаше гламурозна свадба во белградскиот хотел „Хајат“.
Избраникот на Натали е српскиот бизнисмен од Нови Сад, Дрен Глушац. Иако веселбата се случи во Белград, заедничкиот живот ќе го продолжат во Нови Сад.
На 27-ми септември во една приватна скопска клиника Натали се породи со своето прво дете, девојче.
Убавата вест инстантно ги преплави домашните медиуми, иако претходно Натали ги избегнуваше медиумите, па ретко кој знаеше дека е бремена, а веста за тоа дека стана мајка сите ја дочекаа како изненадување.
Таа стана мистична и по породување, но нешто подоцна реши да проговори за тоа кое име го доби нејзината ќеркичка, како и тоа дека и сама била изненадена од одлуката на нејзиниот сопруг, бизинсменот Дрен Глушац, кој го имал последниот збор како ќе се вика малечката.
Имено, наследничката на мама Натали, се вика исто така Натали, име за кое се одлучила уште кога ја видела на прв поглед.
Познатата манекенка и бинго девојка, сега специјалист за маркетиг и ПР, веќе седум години живее во Србија.
Она што најмногу ме мотивира е желбата да бидам добар пример за моето дете и добар родител, професионално и приватно исполнета жена и среќен човек“, раскажа Натали за своето секојдневие.
Натали и сега изгледа исто убаво како и во времето кога првпат ја гледавме на телевизија.
Натали и Игор се присетија токму на тие моменти кога го доби прекекарот од Џамбазов, откако и двајцата споделија и нтересно стори од тоа време.
„Елеганција во свижење со Натали“, напиша Џамбазов под сликата која што е наравена во времето на Бинго.
Фото: Јутјуб принсткрин и Инстаграм