Гавазова објави слика со сопругот и раскажа зошто ѝ е важен

0

Популарната македонска пејачка Сузана Гавазова освен што е одличен музичар, таа е и фамилијарен човек и често знае во јавноста да сподели моменти од приватниот живот.

Таа сподели објава на колешка која коментира за новиот протокол за свадбарската индустрија кој го предложија угостителите, а во него не се вклучени музичарите.

– Според новиот протокол за работа кој како нацрт план го предложи свадбарската индустрија, музичарите повторно извисуваат со ангажман, затоа што нема да бидат вклучени во свадбените свечености за кои е планирано да се одржуваат без жива музика.

Новите правила што ги предложија преставниците на свадбарскиот сектор предвидуваа на свадбените веселби да не се играат ора, туку свеченоста да се отвара со танцот на малдоженците.

Гостите мора да бидат во ограничен број и да нема жива музика.

Задолжителни се средствата за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маски. Работното време на угостителските објекти ќе биде до 21 часот.

Овие правила логично не им се допаднаа на музичарите, кои сфатија дека повторно се отфрлени од новиот протокол кој има за цел да го рестартира угостителскиот сектор, а тие и понатаму остануваат на милост и немилост, без примања и можност за работа и заработка“, се вели во објавата.

Како што е познато, фолк пејачката Сузана Гавазова по шест години живот во Шведска, се врати во Македонија.

Со сопругот Јасмин и со ќеркичките ќе живее во Скопје и ќе ја продолжи својата кариера на домашен терен.

Струмичанката која беше една од најактуелните фолк пејачки на почетокот на 2000 – те години ја изненади јавноста кога пред шест години раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Станува збор за Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска.

Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.

Во септември минатата година, Сузе објави лут статус во кој вели дека е изморена од негативни коментари на анејзиниот Фејсбук профил:

– Се уморив од бришење лоши коментари и од блокирање на искомплексирани луѓе..Едноставно не сакам на мојот профил негативна енергија.

Сите негативни , препотентни, нечувствителни, безобразни и безобзирни луѓе се, сепак, несреќни затоа им простувам, но нека се тргнат подобро од мојот профил да не бидат уште понесреќни.

А вам драги луѓе кои знаете секогаш да кажете по некој убав збор, златници да ви излегуваат од вашата уста..

Ви благодарам на убавите зборови, ве сакам, бидете ми живи и здрави и Господ да е со вас“ напиша Гавазова.

Таа неодамна објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ ветер во грб и ѝе важна.

До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни!

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаД-р Нико Беќаровски: Клинички центар стана еден голем стационар – се пополнуваат последните слободни легла
Следна статијаСузе Национале стана баба, убавата ќерка Теона и внуката Клара се нејзините наследнички