Мажиштето мое Балканско го слушам збори со мајка му: Еве мамо, правам салата, Соња си чепка по телефонот

0

Свекрва – снаа вечна тема. Некои се фалат со односот, но многу не се поднесуваат. Психолозите велат дека најголема вина за ваквите ситуации имаат токму мажите, кои не знаат да се постават како што треба, ниту кон мајката, ниту кон сопругата.

Примерот подолу е само еден од многуте, како некогаш прекрасни бракови доаѓаат до работ на развод, поради директното мешање на родителите, или поради сомнежот дека тоа се случува.

Текстот подолу е коментар од една група, во која се разговараше токму за односите снаа – свекрва:

„Ова маживе знаат навистина да ти се одмилат. Дури и кога сакаш нешто да поправиш, да залепиш, битангата со своето одвратно понашање ќе го расипе моментот.

Карантинов навистина ми потврди некои мои претходни размислувања, сдека бракот ми е тотално во аут. Ако претходно си се залажував и давав некаква шанса да се продолжи со заеднички живот и да се успее, сега веќе мислам дека сто посто ќе се разведам.

Ајде, си викав порано, тој со обврски, нервози, јас исто така на работа ме нервираат тоа простите колешки и шефови, имаме дечиња златни на кои им приредуваме сцени како од филм кога ќе се закараме и сето тоа го препишував на надворешни фактори, ама не било така. Ние очигледно не се поднесуваме!

Пред еден месес и кусур, кога ова започна, јас искрено си го сфатив како одмор, како момент кога ќе се посветам на семејството максимално. Почнав да готвам, од појадок, до вечера.

Гледав и учев рецепти, кифлички, блачко, палачинчиња и се останато. Арно ама, овој мојов, гадот, се фатил, не сум му праела салата. За да шљока ракија пред ручек.

Па чекај бе стоко, имам ли јас душа, да исчистам, да средам по дома, да учам со децата, да зготвам ручек, па една салата ли не можеш да направиш. Сакат ли си у тоа рачињата?

И тоа настан да биде, кавга пред децата, ти ваква, ти таква, ти мрзлива, а сè претходно сум направила. Ама знам јас од кај му е тоа, кој му ја полни главата.

Последен пат кога се скаравме, тој зборуваше на телефон со мајка му. И едно време вика, еве мамо правам салата, а еве ја Соња, нешто на телефон си чепка. Значи свекрвиштено му рекла, шо бе синко, ти праиш салата? Жена ти шопраи? Сто посто.

И маминото едиповче ми се сипа одма после тоа, еееее од кога не си напраила салата, недомаќинка една. Значи пазете! Тој ништо не цени!

Целиот мој труд кој го вложувам за да успее нашиот брак, за да се зближиме како порано, за да живееме во слога. Тој уште е закован во мозокот на мајка му и беспоговорно ја слуша.

Епа толку ќе биде од мене, ми пукна филм. Нека заврши сето ова и одам на адвокат. Сега сум нервозна, можеби и ќе ми помине, дека сто пати сум рекла ќе го оставам, ама мислам дека овој пат нема да му простам.“

Обработи: П.П. Фото: Илустрација

Претходна статијаЖените и мажите да не одат со различни партнери : Благица Павловска најде решение за пандемијата
Следна статијаПоминувам покрај вратата каде што живеевме, но празно е: Адријана Алачки со срцепарателна посвета