Весна Бејби доби многу честитки за роденден, ама една ја стопи

0

Весна Бејби- Петрушевска освен што е една од нашите најпопуларни актерки е и личност која отворено зборува на многу теми, и на социјалните мрежи, и во медиумите.

Неодамна, во „Слободен печат“ ја прашаа: Што значи да се биде самохрана мајка во современа Македонија?

-Значи опстанок, не значи живот! Исклучително напорна работа. Проект кој само го надоградуваш и немаш простор многу да маневрираш.

Секое утро освен што се будам и се заблагодарувам на утрото, втората мисла ми се сметките, како да ги оправиш да одат по правиот пат во едно извртено опкружување. Ова е ера на полусветови и полуписмени суштества. Мора да сум будна постојано. Тешко и напорно“, одговори Бејби.

– Јас постојано велам дека сум мажена за своите деца. Не дека очекувам орден, напротив јас учам да бидам родител секој ден. Учам од своите деца, учат тие од мене. Слушам многу музика, постојано читам, вистински љубител на филмови и серии, зависник на Нетфликс.

Ако ме прашуваш за приватниот живот, секогаш велам дека од утре ќе се бавам со него. Бргу ми здосадуваат работите“, изјави Весна во интервју за Точка.

Весна и во Женски магазин зборуваше за своите деца и за работата со децата која ја исполнува:

-Цел живот сум немирно дете. Не застанувам. Вртам, работам, доследна сум посветена и максимално професионална.Последниве неколку години во мојата актерска школа работам со деца од 5-17 годишна возраст.

Сонувам заедно со нив. Кога работам со нив, сфаќам дека никогаш не престанав да бидам дете.Оној момент кога ќе престанете да бидете дете, умир-ате.“

Таа на 18 мартт во МНТ повторно ќе го игра својот стендап „Влези, не се соблакај“ за кој објави дека е распородаден.

– Во суштина никогаш ама баш никогаш не се открива што ќе биде вечерта на стенд апот. Но, секако дека ќе има приказни кои нешто значеле овие 25 години, нешто кое ме поврзувало години наназад.

Тие приказни се живи, присутни се, исполнети со паѓања и повторни станувања“, рече таа за зсвојата претстава.

Таа на Инстаграм и на Фејсбук ќесто објавува фотографии од работата со децата од нејзината актерска школа.

Весна денес слави роденден, и меѓу многуте честитки, таа издвои една, од своите деца од школата и ја објави на Инстаграм.

– Кога моите деца од актерската школа ќе ми честитаат еден ден порано роденден и ќе ме изненадат со маичка со ликот на Мадс (башка го номинираа за Бафта и за Оскар кај и да е).

Јас имам најдобри,најумни и најталентирани деца.Ова е група ветерани. Ве сакам најпојќе и имаме неверојатно квалитетно време поминато заедно, а пред нас е премиера“, објави Весна до видеото во кое танцува со децата.

Фото: Фејсбук и Инстаграм принскрин

Претходна статијаМузичарот Мартин раскажа низ што поминал додека барал слободен кревет во болниците за свои блиски
Следна статијаЛозано му упати поздрав на Венко Филипче: Би те чувал во карантин