Не им давале да се земат, а дочекале 16 правнуци: Вистински љубовни приказни на кои сите плачат

0

Во новото нормално, кое многумина го нарекуваат време-невреме, сите како да заборавивме на вистинската љубов, онаа од времето на нашите баби и дедовци.

Овие три љубовни приказни го расплакаа целиот свет и вреди да се прочитаат.

Јован Стобах, кој е роден во САД, а по потекло е Србин по мајка, а Полјак по татко, ја оженил Лорејн во 1940 година.

Им се родиле три деца, а нивната љубов од почетокот била среќна. Кога Лорејн по 73 години брак почи-нала, срцето на Јован му било доживотно скршено.

Еден месец по загубата на својата сопруга наишол на оглас за локален натпревар во пишување на песни, и ако немал слух, ниту на каков било начин се занимавал со музика, решил да напише песна во спомен на својата сакана.

Едно студиото било воодушевено и одлучиле да ја снимат неговата песна.

Ана, родена во семејство на сириски имигранти, имала 17 години кога се вљубила во Џон (21).

Тие двајца пораснале во исто маало во САД, а потоа станале пријатели во средно училиште. Нејзините родители, меѓутоа не биле среќни поради таа врска, бидејќи таткото на Ана планирал таа да се омажи за 20 години постар маж.

Младиот пар не сакал да се откаже од својата љубов, па во 1932 година избегале во Њујорк.

И покрај тоа родителите не биле премногу загрижени бидејќи не верувале дека врската ќе потрае. За среќа на Ана и Џон – се излажале:

На 24 ноември во 2013 година брачната двојка прославила 81 година од бракот, со што привлекле големо медиумско влијание.

Овој јубилеј го прославиле со своите пет деца, 14 внучиња и 16 правнуци. Тој тогаш имал 102, а таа 98 години.

Само три години по венчавката на Ана Козлов и Борис, тој морал да оди во Црвената арм-ија.

Иако била подготвена да го чека, Ана и нејзиното семејство во Сибир биле принудени да си заминат од Русија, од каде не можела ниту да му пишува на својот сопруг.

Борис така ги поминал годините од животот обидувајќи се да ја пронајде, но целосно изгубиле контакт.

Ана била целата скрш-ена од болка што размислувала дека веќе не сака да живее.

Нејзината мајка тогаш ги уништила сите спомени од Борис, вклучувајќи ги и фотографиите од венчавката, како и нивните стари писма.

По некое време Ана повторно се омажила, а Борис се оженил. Годините минувале, па двајцата ги изгубиле сопружниците, а потоа се случило чудо. Ана го посетила родното село, во кое Борис и таа некогаш живееле.

Додека одела по улицата во далечината здогледала постар маж, а срцето веднаш ѝ заиграло, бидејќи тоа бил Борис, кој дошол во селото да го посети веч-ниот дом на своите родители.

Здогледувајќи ја Ана дотрчал до неа, и сите сеќавања им се вратиле. Повторно се венчале и конечно живееле како сопруг и сопруга.

Фото: Freepic

Претходна статијаДознав дека маж ми фатил шваљерка: Тогаш јас му се вратив дома со размачкан кармин и сè се смени
Следна статијаЖивотот е тежок но убав: Калиопи пешачи по 10 километри на ден, а има и зошто