Убавата Билјана Ѓошева јавноста ја запозна со учеството на музичкиот натпревар Македонски Идол, и таму беше еден од фаворите на тогашното жири во состав: Тони Михајловски, Калиопи и Игор Џамбаов.
За потсетување, тоа шоу се емитуваше на А1 телевизија и беше целосно домашен проект.
На изведбите на Билјана најмногу им беше наклонет Игор Џамбазов, кој имаше многу пофални зборови за пеењето на Билјана.
Потоа, Билјана ја продолжи својата кариера во „Тумабо салса бенд“ групата на Петар Ренџов која изведува кубанска музика. Во едно интервју за Точка.мк, таа зборуваше за ова свое искуство.
– Веднаш по завршувањето на Македонскиот Идол ја имав шансата да станам дел од Тумбао Салса Бенд. Тие барале женски вокал и јас им дојдов баш како кец на дестетка.
Зборував дека слушам салса, латино музика и така заклучиле дека можеби јас сум најсоодветна во моментот. Директно, од ТВ и Идол, директно на сцена со Тумбао Салса Бенд.
Преработивме македонски народни песни во латино салса ритам, имаме и авторски песни, пееме латино музика, кубански ритам и весели песни.
Луѓето сакаат да слушаат весела музика. Имаме голема публика која доаѓа на наши настапи било каде да сме. Сето тоа е надополнето со професионални танчерски групи, кои се допонителен ефект со сето она што го правиме.
Среќни се сите со Тумбао Салса Бенд досега моето искуство така покажало“, рече пејачката тогаш.
Билјана во времето на „Идол“ беше со Иван Раденов од Гевгелија, победникот на ова шоу. Во интервјуто за Точка, таа зборуваше и за ова врска.
– Вака од денешна перспектива, таа врска се засноваше на блискоста која што ја имавме во текот на проектот. Бевме во карантин додека траеше Идолот, не затворија во хотел тој период. Кога си во мал круг, се дружиш и нешто повеќе може да се случи.
Кога заврши се, кога излеговме од таму сфативме дека дружењето може да ни остане. Така ја прекинавме романсата, а денес сме пријатели, се почитуваме, не сме скарани. Но приватно не би можеле да функционираме“.
Билјана со „Тумбао салса бенд“ одржа успешни настапи и концерти, но веќе не е дел од таа екипа. Таа била пејачка и на двата полни концерти во Универзалната сала на која дошле многу познати личности.
Изминативе месеци, на плоштадот „Македонија“ во Скопје има доста улични музичари. Тие ги забавуваат минувачите кои им оставаат по некој бакшиш.
Со оглед на тоа дека музичарите се во лоша состојба за време на пандемијата, таа поддршка од народот им е и тоа како добредојдена.
Една од тие која пее ја скопскиот плоштад е Билјана, според сликите што ни ги испрати читател.
„Билјана има супер репертоар на екс ју хитови, македонски песни, но и латино- америакнски кои ги пеела со Тумбао салса, како и светски хитови“, вели тој.
На луѓето им се допаѓа изведбата на Билјана и знаат да ѝ остават бакшиш, а таа ги развеселува во ова време на „ново нормално“.
Оваа девојка е добар пример дека од никаква работа не треба да се срамиме, и дека веројатно стаусот ѕвезда кај нас е релативен.
Фото: Јутјуб принстскрин, Фејсбук принсткрин