Актерката Анѓелка Прпиќ кај нас е најпозната по серијата „Андрија и Анѓелка“ во која глуми со Андрија Милошевиќ, a публиката секогаш ужова во нивните згоди и незгоди.
По повод новиот српски псих от рилер „Единствениот излез“, кој во Србија се промовираше на крјот на минтата година, Анѓелка зборуваше во интервју за nova.rs.
Aктерката изјави дека поминала фантастично време на снимањето на филмот. Таа истакна дека оваа улога е голем предизвик и енигма за неа, особено што ова е нејзина прва главна улога во игран филм.
Покрај оваа тема, актерката го спомена и вирусот кој го имаше. Таа ги наведе и животните вредности на кои го учи нејзиниот син.
„Додека бев заразена со вирусот, најнесреќно за мене беше што мојот син мораше да биде изолиран две недели, без училиште и без пријатели.
Не е лесно веќе да се справувам. Но, затоа има игри, карти, јамб, цртани филмови, цртање и други забави … “, објасни актерката.
Таа зборуваше и за тоа каков е Андрија Милошевиќ како колега и како им поминувало времето на снимање.
– Тој е мелем за душата. Толку надарен, брз, интелигентен и образован, посакувам да бев на неговиот час по глума. Можеби ако отвори некое вечерно училиште и јас ќе се запишам на некој курс.
– За 10 месеци, во рамките на кои работите 6 дена во неделата по 12 часа на ден, имате време да искусите сè. И да купите сцена, т.е. да го направеите тоа за пет минути и да повторите над 30 дијалози.
Со ист интензитет, со иста волја … И секој пат како да е прв. Јас секогаш мислам дека ќе престане, ќе исчезне од чиста мир, но ѓаволот не се предава, тоа е во нашата крв – што би рекол Чола“, рече Анѓелка во интервјуто.
Актерката во сропските медиуми е актуелна по една непријатна работа. Таа направи ск андал на прес-конференцијата во врска со прашањето за ново момче.
Актерката, која како да не знае да работи јавна работа, се навреди што медиумите се интересираат и за нејзиниот приватен живот, особено по разводот.
Неодамна беше напишано дека таа е во врска со угостител, а сега камерите на „Папарацо лов“ фатија извесен човек пред зградата на Прпиќ, за кого во шоуто се вели дека е нејзиниот нов партнер.
Фото: Инстаграм принтскрин, Јутјуб принстксрин