Илина пак се качува по карпи, Игор не може да ја гледа

0

Нашата најуспешна алпинистка Илина Арсова, минатата година на социјалните мрежи се огласи со бурна реакција по повод доделувањето на државната награда „8 Септември“:

„Утрово прочитав вест дека се објавени добитниците на државната награда „8 Септември“.

Меѓу добитниците не прочитав ниту едно женско име! Малку истражив и се уверив дека и години наназад меѓу наградените спортисти нема жени. Сепак АМС веќе 7 години промовира „СТРАТЕГИЈА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ 2013-2020“?!

Сите се сеќаваме на 2013 кога АМС направи голема неправда при доделување на наградите „Спортски оскар“, деградирајќи го успехот за искачување на Монт Еверест од првата жена од Македонија..

Во меѓувреме, во понатамошната соработка и поддршка на двете последни експедиции, агенцијата за спорт истакна дека време е да ја поправат грешката направена од тогашното раководство.

Оваа година бев номинирана за државна награда, во категорија индивидуални достигнувања, за искачувањето на 7-те највисоки врвови на секој континент, како единствена Македонка и една од 70-те жени во историјата.

Па, ме интересира по кој критериум се доделуваат наградите за исклучителен придонес во спортот, афирмација и промоција на Македонија на меѓународен план?

Бидејќи јас еве се потрудив да најдам повеќе информации за достигнувањето на добитниците, но не успеав да најдам соодветни резултати, достојни за вакво признание“, изјави таа.

Игор Џамбазов е нејзина голема поддршка откако се заедно во последната речиси една година, а тој беше многу горд на неа и кога ја издаде и книгата „Планинарење“. Игор во емисијата Еден на Еден изјави дека му е страв да ја гледа Илина кога се качува по карпи.

– Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија, одевме често бидејќи е половина час со автомобил. Навистина се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Лево и десно се стази, бележани.

И вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше 3 секунди.

Тоа го видов, и оттогаш ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и претпоставувам колку време им треба да се качат“, раскажа Игор, по што Илина додаде дека другите може да ги гледа како се качуваат, а неа не може.

Потоа Арсова рече дека за жал не успеала да се искачи на одредено ниво за кое вежбала, и беше многу самокритична- самата си се обвини за тоа, дека требала повеќе да работи.

Илина и сега објави слики од карпите кај Демир Капија на Инстаграм, но на сликите го нема Игор, кој најверојатно од ст рав не ја однел до местото одредено за качување, затоа што се плаши за својата сакана.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаГавазова се спореди со позната светска ѕвезда и си праша: Таа или јас?
Следна статијаСека Алексиќ искешира 10 илјадарки, ама сега ужива и тоа по дома