Тони Михајловски се отвори за боемскиот живот: Шест саат сабајле, oдат луѓето за на работа, а ние гураме едно ауди

0

Тони Михајловски во последно време повеќе работи во Србија, односно снима филмови и серии, а многу помалку во Македонија. Познатиот глумец во новата емисија Еден на Еден кај Жаре раскажа за овој феномен.

– 99.9 посто работам во Србија а 0.01 посто работам во Македонија. Последно во Македонија беше „Стела“, првиот детски филм снимен пред две години. Пази, првиот македонски детски игран филм. Што се ти кажува, како се работи? 2019.

А, пред него, шест години немав снимено, од „До Балчак“, потоа го снимив „Стела“, и сега повторно две години сум тука во пауза.

Според она што работам овдека, во Србија сум пута 5, турбо. „Сенки над Балканот 2“, потоа „Тајкун“, „Црна свадба“ ја снимавме, тоа е нешто најново што се спрема сега, се монтира“, рече Тони за својата работа во Србија.

Познатиот актер зборувал и за неговото членување во партијата ВМРО- ДПМНЕ, и на прашањето дали ВМРО и СДСМ имаат за нешто да се согласат, тој одговори:

– Очигледно дека не. Посебно последниве политики, ние сме против промена на име, заедничка историја. Па, има борба и понатаму. И некој на Гоце Делчев му рекол: Па, 500 години сме, дај издржи малце. Он рекол: Дај, ќе се бориме и понатаму“.

Запрашан што мисли за партијата Левица, Тони одговори на начин што кажува многу за тоа какво мислење има за партијата и за нејзиниот лидер Димитар Апасиев.

Жаре го интересираше и како изгледа неговиот ангажман во ВМРО ДПМНЕ, па Тони зборуваше за своето учество во 2 партиски тела, за теренската работа, за тоа кој му е најубавиот дел од работата и каде мисли дека има најголем придонес тој, како уметник и политичар.

„Јас сакам да учествувам во делот на културата, таму да ги поправам грешките. И тоа, не само заради мојата партија, туку и понатаму сите да функционираат по тој принцип, кој би бил европски, нормален, човечки…“, објави Курир.мк.

Потоа, Тони го спомена и својот бурен живот кој го живеел поради работата пред неколку години, во времето кога живеел само од свирките со екипата на неговата емисија „Опуштено“.

„Од дискотека до дискотека, сме имале свирки четврток, петок и сабота“, рече Тони. Потоа на прашањето дали имал разбирање од поубавата половина, тој рече:

– Апсолутно, како не, основни приходни ни беа. Мислам, мои приходи, јас немав други приходи освен тоа. Она си работеше, меѓутоа и јас морав да придонесам нешто, дома мораш да донесеш парче леб. Има прекрасни моменти. Еднаш ни снема бензин овде пред Скопје.

Му викаме на Славче, а возеше некое Ауди. Славче, бензинче. А тоа свирка пред да снема бензин. Тој вика: Ќе стигнеме!

Па, приближуваме до Скопје. Брат, бензинска последна ни е ова. Ќе стигнеме. Абе, како ја поминавме Жаре, значи, и сега му викам: Кај стигнавме брат? Излегуеме надвор, ќе гураме.

Шест саат сабајле, идат луѓето за на работа. И така гураме ние едно ауди, клавијатуристот пошто ни беше еден од големото Добро утро, му било срам да гура. Он возеше.

Ја, Део, Славиша, Игор, гураме. Ќе помиинат луѓе, треба ли помош?“, раскажа Тони за моментот кога туркал кола.

Потоа, се потсети дека на тие свирки гости кои биле потпивнати ја барале песната „Она је лепша од ночи да ја пеат“. „Го зима микрофонот, го врти наопаку и пее, и само он не приметува дека му е свртен микрофонот, и пее ли пее“.

– Ќе не бркале негде зашто некој од екипата ќе смувал нечија женска што не требал да ја смува, па не чекале на излез од Битола од овде од онде. Секакви, прекрасни, прекрасни моменти“, раскажа Михајловски.

Фото: Јутјуб принсткрин, Фејсбук на Тони Михајловски

Претходна статијаЏаро: Балашевиќ ја бендиса Фатиме Фетаи во Скопје
Следна статијаВонбарчиот син на Шабан, Роберт се бори за наследство, за милионите на татко му