Џаро: Балашевиќ ја бендиса Фатиме Фетаи во Скопје

0

И денеска, целиот Балкан е тажен од загубата на Ѓорѓе Балашевиќ, познатиот новосадски пејач и автор кој ги напиша најубавите љубовни песни во кои секој до нас си наоѓа своја приказна.

Вчера Балканот се прости од еден од најголемите музичари на поранешните ЈУ простори. Синоќа на плоштадот во Нови Сад се собраа илјадници луѓе, кои со свеќи во рацете и со звуците од познатите нумери на Балашевиќ, се простија од пејачот.

Претходно сопругата Оливерa, со плачлив глас за белградските медиуми изјави дека информациите се точни, исто како и нејзината ќерка Беба, која немалa сила да зборува.

Многу познати личности, вклучително и актери и пејачи, се збогуваат на социјалните мрежи, а меѓу нив се актерот Миоград Радоњиќ, Александра Радовиќ и Билјана Крстиќ, со кого се познаваше многу долго.

Дино Мерлин објави видео од автомобилот на социјалните мрежи, во кое гледаме дека неговите очи се полни со солзи. Тој ја испеа „Не волим јануар“ со сменети стихови пеејќи: Трагове малих стопа, број 40 и ко знам, како у незаборав одлазе.

И пејачката Цеца Ражнатовиќ е потресена од оваа загуба, и со емотивни зборови се прости од Балашевиќ. Пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографија на која напиша:

“Панонски морнару, плови по мирните мориња на небесното царство. По чивај во мир, голем поету”, беше напишано на фотографијата.

Но се чини едно од највпечатливите потсетувања на Балашевиќ доаѓа од неговата колешка од Хрватска.

Пејачката Северина Којиќ, веста за упокојувањето на познатиот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој поч ина вчера на 67-годишна возраст, ја прими со големо неверување.

Таа постави објава на својот Инстаграм профил, раскажа за нивната прва средба, како и за неочекуваната покана која и ја упатил Балашевиќ, да биде гостинка на неговиот концерт.

– Нашата прва средба беше во 2001 година во Нови Сад. Се сретнавме случајно, во пицерија. Го прашав што јаде за да пишува така стихови, а тој се насмеа… Потоа една вечер ми се јави и ми рече дека никогаш немал гостин на концерт и дека би сакал јас да му бидам гостин на неговиот концерт во Нови Сад, и тоа да биде изненадување за публиката.

Бев во Германија и телефонот падна од мојата рака… Не реков ништо, не верував во тоа и продолжи: „Ако ти е проблем тоа што ќе треба да ја посетиш Србија, ќе разберам ако ме одбиеш …”

-“Ако ме одбиеш?” Па, мојата прва купена касета беше „Божа звани паб“, купена во „Фотомузикалија“ во Сплит во 1982 година. Се смеев и реков дека е многу смешно. Знам сè што имаш напишано, рекла Северина.

И мојот син Алекса би сакал да дојдеш на концертот, ѝ одговорил Балашевиќ… Тој излезе на сцената, и направи своевиден театар за публиката. Им објасни вака:

“Син ми ми вели – тато, сè е во ред, но јас би сакал да ја донесеш Северина на концертот. -Луѓето од публиката се смееја и мислеа дека раскажува шега. И тогаш тој рече: „Што татко би бил., а да не ги исполнам сите желби на мојот син… Сине, еве ја Северина! И јас се појавив, раскажува Северина.

„Јас ги пеев и „Вирујен у те “ и „Ја само пјевам “и после тоа останавме во контакт…

Тој го напиша тој модифициран текст на песната на Порин „Мала је дала“ во 2001. „Душо, знаеш, колку и да те сака некој, тој никогаш нема да те разбере и не очекувај да те разберат…

Таму горе на сцената, никој што не изиграл многу натперави горе не те разбира. Има грмежи таму каде што не има стасано многумина од нас…

„Ти беше врвот, таа цреша на врвот на тортата, Јас бев и ‘Провинцијалка’ и ‘Девојка за чардаш ногама’. Сите жени чекаа токму такви, од тие песни … и ти беше таков не знам да се збогувам … Замина стражарот на подлабоката смисла. Те сака твојата Марија“, напиша Северина на својот профил на социјалните мрежи.

Оригинална објава на Фејсбук напиша и менаџерот Велибор Џаровски- Џаро кој бил пријател со Балашевиќ долги години. Џаро детално ја опиша нивната последна средба и ја спомена обвинителката Фатиме Фетаи.

– Му гостував во емисијата Панонски морнар, снимавме во Нови Сад, напиша песна специјално за мене, за местените утакмици. Малку концерти му организирав ама останавме пријатели цел живот, во Милочер скоро секое лето се дружевме.

Кога последен пат се видовме во 2018 во фоајето во Палас во Скопје, муабетевме за убавите времиња. Помина Фатиме Фетаи и Балашевиќ ми рече:

Уу, која риба, личи на Јелену Жигон кад је била млада. Му кажав дека е обвинителка, а Ѓоле рече дека премногу е убава за таа работа, па после се запознаа.

Вечерта после концертот пак се сретнавме на истото место, иста екипа. Počivaj u miru prijatelju, čuvamo ti bagrenje“, напиша Џаровски на Фејсбук.

Фото: Јутјуб принстскрин

Претходна статијаШведска и Данска планираат пасош за имунизација – дали во Германија е возможно вакво нешто
Следна статијаТони Михајловски се отвори за боемскиот живот: Шест саат сабајле, oдат луѓето за на работа, а ние гураме едно ауди