(ФОТО) Сузана Гавазова се огласи од скопскиот аеродром

0

Сузана Гавазова која важи за една од најпознатите македонски пејачки откако ја дочекуа Новата година во својот дом работно, со настап преку камерите, реши да се одмори во следниот период.

Тоа Гавазова ќе го направи со сопругот и малечките наследнички кои секогаш и го разубавуваат секојдневнието и и го полнат срцето како ништо друго на светот.

Дека е среќна, исполената и задоволна жена, Сузе тоа постојано го покажува и докажува преку честите објави на социјалните мрежи и интервјуата во медиумите. Непосредна, спонтана и со харизма која публиката ја сака.

Струмичанката на почетокот на 2010-та години ја изненади јавноста кога раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Нејзиното срце го освои Јасмин Курузовиќ, босанец кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено.

Веќе добро познато е за Гавазова и нејзиниото семејство дека по шест години живот во Шведска, се вратија во Македонија.

Принтскрин Инстаграм

Фолк-пејачката Гавазова иако живееше во Шведска, која важи за една од најдобро уредените земји во Европа, сепак реши да се врати во Македонија, заедно со сопругот и нејзините две ќеркички.

Принтскрин Инстаграм

– Жал ми е што многу Македонци си отидоа од Македонија и некако длабоко во мене живее надежта дека еден ден ќе се вратат. Јас намерно се вратив од Шведска во Македонија, за и другите да земат пример од мене затоа што навистина Македонија е многу убаво место за живеење.

Принтскрин Инстаграм

Имаме убава клима, земјата е плодна и раѓа се. Ако има Господ, еден ден ќе се вратат сите, изјави Гавазова во едно неодамнешно интервју за ИН ТВ.

Принтскрин Инстаграм

Попладнево Гавазова преку Инстаграм објави неколку снимки на опцијата стори од скопскиот аеродром и притоа откри каде патува:

Принтскрин Инстаграм

-Инаку патуваме за Шведска, ве поздравуваме и се гледаме за 10 дена повторно во Македонија. Ве сакам.

Претходна статија(ФОТО) Еве во каков луксуз живее Мирослав Илиќ – палата на неколку нивоа
Следна статијаДеветчлено семејство живее во 40 квадрати: Се бањаат во корито и сите спијат на три кревети